Периодов дел од западните сојузници на Украина почнаа да дебатираат околу воената и финансиската помош за Киев, додека на другата страна на фронтот Путин потпиша декрет за зголемување на бројот на војници за дополнителни 170.000 лица, со што вкупната руска војска ќе брои 1,3 милиони.
„Војните се развиваат во фази. Ние мораме да ја поддржуваме Украина и во добро и во лошо време...
... Исто така треба да бидеме подготвени и за лоши вест,“ изјавил Столтенберг.
Иако контраофанзивата ги немаше резултатите што се очекуваат, Украинците со помош на ракети со голем дострел успеаа да и нанесат штета на руската морнарица во Црното море и да удрат на мети длабоко во руска територија. Ова според Столтенберг се големи победи за Украина и покрај тоа што не ја мрднале линијата на фронтот.
Тој повторно побара од своите членови да го зголемат производството на муниција, и повторно ги укори европските членки за „фрагментираноста на европската одбранбена индустрија“. Неговото барање до владите е да гледаат подалеку од националните интереси и да почнат што е можно повеќе да соработуваат.
Што се однесува на потенцијалната руска победа, Столтенберг предупредува дека таа ќе биде трагедија за Украина, но и сериозна опасност за сите сојузници на НАТО.
„Колку повеќе ја поддржуваме Украина, толку побрзо војната ќе заврши,“ порачал генералниот секретар на НАТО, во интервју за германската АРД.