Кралот Чарлс бара 5.000 милијарди долари годишно за борба против климатските промени

Во говор на КОП28 самитот, британскиот крал порача дека светот и понатаму е „застрашувачки далеку“ од постигнување на климатските цели, а тоа може да се реши со по 5.000 милијарди долари од глобалните даночни обврзници и компании, годишно.

Парите што Чарлс ги бара, освен од даноците очекува да дојдат и од приватниот сектор и НВО-а, за да може да се „мобилизираат илјадници милијарди долари што ни се потребни, околу 4,5 до 5 илјади милијарди долари годишно, за да ја направиме трансформацијата што ни е потребна.“

За перспектива, баснословната сума пари е некаде околу 20% од американскиот БДП, кој во 2022 изнесува околу 25,46 илјади милијарди долари.

Чарлс не дал ни груба поделба кој колку треба да плати, ниту пак каде точно ќе бидат трошени парите. Единствениот хинт од него е дека парите треба да одат за проекти зад „одржливи промени“ и подалеку од пракси кои „го прават нашиот свет поопасен“.

Иако не се некои пари во однос на тоа што го побара, на КОП28 САД ветија дека ќе донираат 3 милијарди долари за Зелениот климатски фонд на О.Н. и најавија дека во земјата веќе нема да се градат нови електрани на јаглен.

6 декември 2023 - 10:10