Вести

За пцуење во Грузија се оди во затвор

Судовите низ Грузија се полнат со „безобразници“ откако властите со закон го забранија пцуењето по интернет како дел од кампањата за прочистување на политичката клима во Грузија од токсични поделби. Премиерот ги прогласи вербалното навредување за „оружје што политичките непријатели го користат за дестабилизација на земјата“.

Во доба на роботаксија, Убер се обложува на луѓе 

Убер вложува милијарди во новите автомобили без возачи, но верува дека клучниот фактор за економска исплатливост е да го зголеми бројот на возачи. Компанијата пресметала дека хибридна мрежа во која се вклучени луѓе може да ја зголеми зафатеноста на автономните возила што би носело поголем профит отколку флота составени исклучиво од роботаксија.

Обединетите нации се корисен театар

Секој септември, кога заседанието на Генералното собрание на ОН го парализира сообраќајот,  њујорчани се прашуваат: Која е поентата на глобалниот политички театар? Обединетите нации не се „почетокот на светска држава“. Најдобро функционираат во поограничена улога, кога делуваат како форум за државите, а не како повисок авторитет над нив. 

Речник

Работната недела се растегнува на шест дена

Идејата за четиридневна работна седмица веќе е напуштен. Се прифаќа нова шема на работа и во неделите. Наместо да ги набиваат работните часови во помалку денови, работниците едноставно ја прошируваат работата на шести ден, делејќи го времето на нелинеарни блокови прилагодени на родителските обврски, нивото на енергија или личните задачи.

Стара Канаѓанка еутаназирана против нејзината волја

Жена од Онтарио која страдала од тешка болест, во јули била подложена на програма за „медицинска помош при умирање“, иако во последните денови од својот живот јасно и гласно кажувала дека не сака да умре. Медицинските лица инсистирале да се спроведе процедурата наспроти сомневањата дека жената била збунета кога потпишала согласност за сопствената смрт. 

Како Трамп ги изневери Саудијците

Саудиска Арабија со години вложуваше стотици милијарди долари во воено партнерство со САД, верувајќи дека тоа ќе го одбрани Кралството од регионалните непријатели. Кога дојде критичниот момент, Вашингтон му сврте грб на својот партнер. Разочарувањето го води Ријад кон создавање  регионален воен сојуз и градење многу поблиски стратешки односи со Кина.

На Боцвана и е дојдено и преку слоновите и преку Германија

Нешто слично на понудата на претседателот Борис Трајковски до Швеѓаните да им ги товари косоварските бегалци и да им ги испрати во Шведска, претседателот на Боцвана се закани дека ќе испрати 20.000 слонови во Германија па тие нека се грижат за нив како што мислат.

А можело да се застане на пешачки, а?

„Биди виден, земи цигла“ е мотото на новата кампања во Ванкувер за безбедност во сообраќајот за пешаци, во која пред пешачки премини низ градот се оставени корпи со цигли. Разочарувачко во целата работа е што циглите се од гума.

Путин го делат недели од пробивање на фронтот во Украина

На западните сојузници им станува сè појасно дека Украина ја губи војната против Русија и дека до летото таа ќе се соочи со пораз, пишува британски Ивнинг стандард.

За Велигденот што стана Ден на трансродова видливост

Откако во неделата католиците беа згрозени што денот на најважниот верски празник во годината американскиот претседател го посвети на „трансродовата видливост“, Бајден изјави дека не бил тој.

Кој ќе добие уште 50 Ф-15? Израел ќе добие уште 50 Ф-15

Администрацијата на Бајден е пред одобрување на продажба на уште 50 американски Ф-15 воени авиони на Израел, во зделка која се очекува да вреди над 18 милијарди долари.

Тројниот шок што ја чека економијата на Европа

Додека континентот уште не може да се освести од кошмарот со енергетската криза заради кој затворија некои од најголемите индустриски капацитети, Економист предвидува дека Европа допрва ја чека драмата со зголемениот кинески извоз и тарифите на Трамп.

Гугл ќе го брише она за што се колнеше дека не го ни чува

Милиони корисници на Хром со години ја користеа опцијата за приватно „инкогнито“сурфање убедени дека на тој начин нивните талкања на интернет остануваат приватни и дискретни. Да беше навистина така, Гугл ќе немаше што да брише. Ама има, и тоа милијарди податоци за „приватни“ интернет посети и пребарувања на милиони „инкогнито“ корисници.

Испраќањето Западни тенкови во Украина е една од поголемите утки на војната

Ако се земе предвид колку труд и убедување беше вложен за најдобрите западни тенкови да се појават на украинскиот фронт и резултатите што тие ги донесоа, на крај излезе дека тоа и не беше најдобра идеа, пишува Киев пост.

Крилестите бомби ја изместија војната во Украина

За разлика од стандардната работа на артилеријата низ овие две години војна, последниве месеци војната во Украина и придвижувањата на фронтот ги обележува уште едно старо-ново оружје по кое посегнаа русите - крилести бомби.

ЦЕРН ќе врти на денот на соларното затемнување

4 милијарди долари вредниот акцелератор има закажано термин на 8 април да биде пуштен во погон за да провери да не случајно може да открие некоја нова честичка за време на целосното затемнување на Сонцето што дента треба да се случи.

Транс - експрес

Приказната од канадски Квебек е морничава и ужасна и да се раскаже на кратко, и да се погледне на долго. Еве најкратко што може: 14 годишно девојче првпат влегува во приватна педијатриска џендер клиника на Квебек и се самодијагностицира како трансџендер. Само девет минути подоцна, лекарот ѝ препишува на тинејџерката 30 милиграми тестостерон неделно. 

Микрософт и ОпенАИ подготвуваат компјутер за ВИ од 100 милијарди долари

Суперкомпјутер што користи милиони специјализирани серверски чипови наменет за вештачка интелигенција и со цена од 100 милијарди долари е новиот заеднички проект на кој работат Микрософт и ОпенАИ.

Шпански кафани сега можат да наплаќаат за сенка

Рестораните во некои од најтоплите делови од Шпанија ќе смета да им наплаќаат различни цени на гостите што седат под сенка или се пржат на сонце. Од нив се бара само со време да ги известат гостите за различните цени.

Ф35-ки за Израел и црни падобрани за Газа

И покрај досега незабележаните несогласувања на САД со израелската влада за начинот на кој ја води војната во Газа, администрацијата на Бајден сепак одлучи да му испрати на Израел воена помош, меѓу другото и 25 Ф35 борбени авиони и авионски мотори во вредност од 2,5 милијарди долари.

Американски баби враќаат студентски кредити

Ненси Питер има земено студентски кредит за да може да заврши психологија. Е, добро де, ќе го врати. Е, кога ќе го врати, ене ја во пензија, чува внуци и и не само што уште должи за земениот студентски кредит, туку должи и повеќе од кога го има подигнато.

Израел призна дека нема да може да го уништи Хамас без САД

По пет месеци интензивно војување во Газа, главната цел на израелската инвазијата е во опасност да не биде остварена откако меѓународната поддршка се сврти против Израел, предупредуваат разузнавачки извори.

Време е да зборуваме за падот на Киев

Додека ова е далеку од замрзнат конфликт, полека почнува да се нагледува кошмарно сценарио за Украина затоа што Западот не испраќа оружје, пишува Иан Мартин во текстот за британски Тајмс.

Милеи ќе отпушта 70.000 вработени во администрација

Како дел од ветените „моторна пила мерки за штедење“ новиот аргентински претседател во следните неколку месеци ќе избрка од работа 70.000 вработени во државната администрација како би ги намалил трошоците што ги има аргентинската држава.

Лев Тахор, од Куманово до Гватемала

Се сеќавате ли на оваа екстремна еврејска секта која пред неколку години дојде во Македонија ама не ја сакаа нигде па се префрлуваа од Куманово во Скопје во  Охрид, за на крај Петар Богојески великодушно да им понуди да се сместат на неговиот имот во Крушево? Ги испозатворија, за киднапирање и трговија со деца.

ЕУ заплени 5 милијарди евра руски пари за себе

Добра вест за Киев: Западот реши да заплени 5 милијарди евра камати на руските пари што лежат во Европа. Лоша вест за Киев: нема да види пара од нив, Западот ги чува за себе за не дај боже.

Заминувањето од Русија, странските фирми ги кошта 107 милијарди долари

Напуштањето на рускиот пазар по руската агресија на Украина не е ни лесно ни евтино. Ако сакаш да заминеш, она што го имаш таму ќе мора да го продадеш со попуст од минимум 50% кој оди и до 9о% а некогаш се продава и за една рубља.  Плус треба да се уплати десеток од продажбата во буџетот. Не е чудно што од илјадниците странски компании кои се колнеа дека ќе заминат, досега комплетно дигнале сидро од таму само 372.

Дали гладот во Газа ќе се претвори во обвинение за геноцид за Израел?

Кога во јануари пред Меѓународниот суд на правдата беше изнесено обвинението дека Израел врши геноцид, судот одлучи дека Израел сепак има право да се брани и дека неговата операција не е геноцидна. Притоа му даде на Израел список од шест предупредувања, меѓу кои и тоа дека треба да ги подобри лошите услови на живот на Палестинците во Газа.

Торонто ќе воведува данок на дожд

Градот Торонто и надлежните агенции немаат пари да се справат со дождот што врне таму, па затоа на граѓаните ќе им биде наметнат данок на дожд кој треба да го покрие овој трошок на градот.