Она што не им е дозволено на рестораните, а го побарале, е да наплатат повеќе за масите со подобар поглед. Рестораните нема да можат само усно да им кажат на гостите дека некои маси се поскапи заради сенка, туку разликата во цената треба да биде „јасно видлива“.
Во новите правила се предвидува дека рестораните мораат на мени да имаат и вода од чешма, и дека не смеат да ги присилат гостите да пијат само флаширана вода.
Во одделен закон шпанските политичари изгласа и скратено работно време за угостителскиот сектор, со цел заштита на вработените и подобрување на „структурата“ на шпанското општество.
Освен тоа, изминативе години Барселона забрани пушење на плажа, неколку популарни туристички локации воведоа ограничување на пијалаците што можат да се испијат во ол-инклузив ресортите, а други воведоа дрес-код за туристи во ресторан. Плус локации како Барселона и Аликанте имаат казни до 300.000 евра за галама и гласна музика.