ИПЦ (Integrated Food Security Phase Classification соработка меѓу водечките глобални хуманитарни организации) изработува анализа според која до средина на летово, под претпоставка дека Израел ќе ја започне офанзивата на Рафа „половина од популацијата на Газа, се очекува да се соочи со катастрофални услови“, меѓу кои анализата го идентификува „гладот“ како најстрашен можен исход.
Магазинот Тајм објаснува дека процената дали постапките на Израел преставуваат геноцид или не, ќе зависи од толкувањето на Женевската конвенција која го дефинира терминот односно дали условите биле „намерно наметнати“ и дали тие одразуваат пресметливост „да предизвикаат уништување“ на палестинската популација на Газа, и ако е тоа, дали може да се најде „намера за уништување“ барем на дел од таа популација.
Во неправнички термини, присилното селење на голем дел од популацијата на Газа од северот на југот, во комбинација со намерно спречување на помошта за Газа, го прави гладот практично неизбежен.
„Плус, опасни, бавни и јадно недоволни мерки за избегнување глад, како фрлање помош од авиони и изградба на привремени пристаништа демонстрираат свесност за потребата на помош на ниво на политика и подготвеност за самозалажување со фластер мерки.
Израелското наведување на овие мерки, иако се преземени од други држави, како доказ за добрата волја и чистите намери, всушност се осудувачки, а не ослободителни,“ пишува Дејвид Сајмон во текстот за Тајм магазин.