Странските компании кои ја напуштија Русија откако jа нападна Украина во 2022 година изгубиле 107 милијарди долари во процесот на излегување од пазарот.
Кога Ројтерс објави анализа на документите во август, загубите беа 80 милијарди. Сега се 30% поголеми.
Странските компании изгубија толку пари заради отписи и загубен приход бидејќи Путин воведе мерки за заштита од егзодусот. Компаниите кои заминуваат мора да ги продаваат своите средства со минимум 50% попуст и да платат најмалку 10% од приходите од продажбата во рускиот буџет, што се нарекува излезен данок.
Меѓу другото, компаниите кои сакаат да ја напуштат Русија мора да имаат одобрение од Москва а ако се од секторот енергетика или банкарство, потребен им е и потпис од Путин.
Илјадници странски компании се колнеа дека ќе го напуштат рускиот пазар заради агресијата ве Украина но досега комплетно излегле само 372.
Оваа година, свои средства во Русија продаваа енергетскиот гигант Шел, банкарскиот холдинг HSBC, рударската компанија Полиметал и технолошката Јандекс.
Собрале 10 милијарди долари но со упросечен попуст од дури 90 проценти.
За една рубља се распродаде францускиот производител на автомобили Рено. Тие заминаа од Русија уште во мај 2022 година и отпишаа две милијарди долари како резултат на напуштањет на, за нив, вториот најголем пазар.
*********
Види и: