Освен најновите борбени авиони, Израел од САД ќе добие и 1.800 МК84 бомби од 1 тон и уште 500 МК82 бомби од 225 килограми.
Токму МК84-ките се поврзуваат со претходните масовни убиства во израелските бомбардирања на Газа. МК84 бомбите кои можат да срамнат цел градски блок со земја и да остават 12 метарски кратер, никогаш не биле искористени од западна војска во густо населени области заради опасноста од цивилни жртви. Израел не е запрен од користење на истите.
Како што објаснува Вашингтон пост, без разлика на судирот меѓу двете влади околу начинот на кој се води војната, администрацијата на Бајден и понатаму смета дека снабдувањето на оружје со кое Израел, меѓу другите, убива и цивили, не може да биде прекинато како мерка за дисциплинирање на Нетанјаху. Соработката меѓу САД и Израел продолжува и покрај противењето на дел од владејачките демократи кои сметаат дека САД треба да престане со испорака на оружје додека Израел не се посвети на спречување цивилни жртви.
Следна цел на Израел ќе биде градот Рафа, во кој според нивни процени се наоѓаат 4 баталјони на Хамас, во градот исто така има и околу 1,2 милиони Палестинци кои пребегаа таму дур ИДФ го рушеше остатокот од Газа.
Авионите, моторите и бомбите кои САД ќе му ги испрати на Израел беа одобрени како помош за земјата пред неколку години, заради што не мораше да се бара ново одобрување од Конгресот.
Во меѓувреме САД продолжи да фрла хуманитарна помош во Газа со падобрани, бидејќи Израел и понатаму го блокира влегувањето на помошта која чека на палестинските граници: