Освен масовното бркање на вработени во администрација, Милеи објави дека замрзнал повеќе јавни проекти кои биле во тек, скратил дел од финансирањето на повеќе провинциски власти и избришал над 200.000 приматели на социјална помош кои тој ги етикетира како корумпирани.
Целта на сите овие мерки е да крајот на годинава да се постигне фискален баланс.
Иако бројката од 70.000 звучи страшно, се работи за само мал дел од вкупно 3,5 милиони лица вработени во јавниот сектор на земјата. Сепак се очекува дека Милеи со оваа одлука ќе има сериозни проблеми со работничките синдикати и дека таа би можела да го загрози неговиот рејтинг.
Во својот 1-часовен говор, Милеи порачува дека во скоро време нема да има уште едно девалвирање на пезосот. Неговиот план е дополнително да притисне за реформи на аргентинската економија по изборите за Конгрес во 2025, за што има список од 3.000 реформи кои треба да се спроведат.