Транс - експрес

Приказната од канадски Квебек е морничава и ужасна и да се раскаже на кратко, и да се погледне на долго. Еве најкратко што може: 14 годишно девојче првпат влегува во приватна педијатриска џендер клиника на Квебек и се самодијагностицира како трансџендер. Само девет минути подоцна, лекарот ѝ препишува на тинејџерката 30 милиграми тестостерон неделно. 

Се работи за истражувачки прилог на CBC/ Радио Канада. Девојчето е актерка со скриена камера, а понатамошната процедура е бизарно вистинита.

Младата Саша рекла дека има пореметување со исхраната што ја убедило дека е транс откако на интернет видела транс инфлуенсер кој сфатил дека го има тој проблем затоа што е транс па решението било да се промени полот.

После само пет минути од првото гледање, клиничкиот педијатар ја прашува дали размислувала за мастектомија, за седум минути се спомнала и хистероктомија а веќе на деветтата минута на Саша ѝ бил препишан тестостерон кој дефинитивно ќе ѝ направи проблеми со плодноста.

Неколку недели подоцна откако приказната отишла во етер, транс-активисти искршиле џамови на редакцијата на CBS и издале соопштение дека имаат право да експериментираат со своите тела дури и кога грешат. На 14 години??

За читање: Оди ли Квебек пребрзо? 

За оние кои знаат француски (конкретниот случај е околу 37-ма минута):

 

 

1 април 2024 - 12:21