Израел верува дека ја има растурено главната команда на Хамас и контролната структура во централна и северна Газа, меѓутоа и понатаму останува џебови на „герила“ отпор.
Од првичните 24 баталјони на Хамас, целосно недопрени остануваат само 4 кои на време успеваат да пребегнат во Рафа, која е следна на список за инвазија. Меѓутоа Израел верува дека е премногу доцна тие да се најдат и да бидат уништен бидејќи САД „му го свртел грбот на Израел.“
По месеци спротивставување, САД неделава дозволија О.Н. да изгласаат резолуција со која се бара итен прекин на огнот, а Белата куќа станува посебно гневна на хуманитарната ситуација во Газа.
„Ако ме прашаше ова пред еден месец, дефинитивно ќе ти кажев да (можеме да го елиминираме Хамас) бидејќи во тоа време Американците го поддржуваат Израел.
... Сега продолжува притисокот врз Израел да се постигне некаков договор, што значи дека Хамас би можел да преживее. И Хамас и Иранците играат на таа карта,“ изјавуваат израелски разузнавачки извори.
Последните процени доаѓаат откако израелските сили повторно имаат судири со единици на Хамас во делови од Газа кои претходно беа исчистени. ИДФ тврди дека во овие 5 месеца војна има убиено над 11.000 терористи и уште 15 високи команданти. Пред почетокот на војната се претпоставуваше дека Хамас брои 35.000 војници. Сега претпоставката е дека овие сили се раштркани, а некои си 18 баталјони се значително оштетени.
„Хамас повеќе не функционира како армија. Неговите единици се уништени и тие немаат централна контрола и команда.
Секоја единица делува независно, прави што тие мислат дека треба да прават, но нема контролен центар кој ги движи единиците наоколу.
Тие се во многу лоша состојба, и сега се свртени кон старомодно герила војување. Тие оперираат како герила терористи, а кога оперираш така, не ти треба инфраструктура и инсталации, одиш од куќа до куќа, се криеш, користиш базуки, гранати и исчезнуваш.
Тие ги изгубија своите команданти па сега независно делуваат. Голем број од нив се предаваат,“ изјавиле израелски извори.
Тоа што е останато од високото раководство на Хамас сега се наоѓа во Рафа, единствениот урбан центар во кој ИДФ нема влезено.
Израелска процена е дека дури и она што е останато од командата на Хамас во Рафа нема директен контакт ниту контрола над борците надвор од градот.
Израел верува дека влегувањето во Рафа е единствена шанса што ја имаат за уништување на Хамас.
„САД не го поддржува влегувањето во Рафа како претходно, па моментално картите не се добри, ова значи дека Израел мора да направи нешто драматично и драстично за да го смени моментумот и климата.
Мора да влеземе во Рафа на еден или друг начин, но многу агресивно,“ порачуваат израелски извори, според кои без тоа Хамас ќе преживее.