Ова ќе биде најголема продажба на оружје од САД на Израел од почетокот на војната со Хамас на 7 октомври.
Во пакетот освен авиони ќе има и прецизни наведувани проектили, мотори за авиони, радари и навигациски системи, и вооружување за авионите, кои најверојатно први ќе стигнат во Израел.
Испораката на Ф-15 се очекува да биде одложена на подолго време бидејќи Израел плаќа за нови авиони кои допрва треба да бидат произведени во фабрика. Процената е дека испораката на авиони ќе биде завршена за некои си 5 години.
Целата оваа нарачка заради нејзиниот обем ќе треба да биде одобрена и од Конгресот.
Ова се нови 50 авиони за Израел, откако пред некој ден САД објавија дека во скоро време на Израел му испраќаат 22 Ф-35 авиони.