Вести

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Речник

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

И Катар ја нагази ЕУ

Ако ЕУ за момент помисли дека нашла нови партнери за снабдување со гас што нема да ја уценуваат, Катар е тука да ја отрезни од такви заблуди.

Кој има пак да има, и обично тоа е Саудиска Арабија

Саудијците кои со децении успешно вадат милиони тони нафта, сега идентично успешно извадија литиум од примероците на солена вода која им останува како нуспроизвод од вадењето нафта.

Ќе има ли и Србија свои „бомби“?

Српската полиција и разузнавачките служби користат напреден шпионски софтвер за мобилни телефони за незаконско таргетирање и тајно следење на новинари, активисти и други поединци, открива новиот извештај на Амнести интернешенел. Во време кога поддршката на протестот на младите станува сè помасовна, интересен е тајмингот во кој се пушта оваа вест.

Руте бара Зеленски да го олабави Шолц

Украинскиот претседател би можел малку да ја смири својата критика за германскиот канцелар, порачува од неодамна првиот човек на НАТО, Марк Руте.

Илон Маск е новото “руско мешање во изборите“

Години се изгубија во прочуената афера „russian hoax“ која американските демократи и нивните медиумски појачала ја пумпаа за да ја објаснат првата победа на Трамп со руско мешање во претседателските избори. Приказната заврши со едно големо ништо, но матрицата останува иста. Сега Илон Маск ќе им биде крив ако во Германија победи „страшилото“ Алтернатива за Германија.    

Трамп е запнат да го врати Панамскиот канал

Од ведро небо, како што обично бива со него, Доналд Трамп порача дека сака да го врати Панамскиот канал под американска контрола бидејќи Панамците како да заборавиле кој им го подарил.

Романските избори добиваат бизарен пресврт

Приказната за поништениот прв круг од претседателски избори во Романија е многу полоша отколку што се мислеше. „Руската“ ТикТок кампања која беше цитирана во декласифицираните романски разузнавачки документи како доказ за странско мешање - и користена како основа за поништувањето - всушност ги платила владејачката Национал-либерална партија (ПНЛ), онаа партија која го поддржа откажувањето на изборите!

Мускули и маса за борба против депресија

Мерејќи го ризикот од депресија наспроти мускулите и мускулната маса кај илјадници Американци, научниците заклучуваат дека колку повеќе од ова второто, толку помалку од она првото.

Милијардерот со страв од селска буна

Првиот човек на луксузниот бренд Картие, со лично богатство проценето на 7,5 милијарди долари, признава дека навечер не спие заради страв дека сиромашните ќе се кренат на бунт.

ЕУ со рекорден увоз на руски гас

По цела година откажувања, демагогии и нови мерки околу увозот на рускиот гас, Европската Унија 2024-та ја завршува со рекордна увезена количина руски течен гас.

Кога „страшилото“ ќе проговори, ништо страшно

Деновиве вистинска паника во Германија и целиот западен политички и медиумски естаблишмент предизвика предизборната поддршка на Илон Маск за партијата АфД, оценувајќи дека само таа може да ја спаси Германија. Паниката е разбирлива ако се знае дека со години, АфД се користи да се заплаши гласачкото тело со екстремноста и нео-нацизмот кој систематски им се припишува. А оно, не баш.

Држава на 2024 година е...

Секој декември The Economist избира држава на годината. Победникот не е најбогатата, најсреќната или најдоблесната земја, туку онаа што најмногу се подобрила во претходните 12 месеци. Овогодинешниот победник има 175 милиони жители. Ние ни со два милиони, со години не можеме да се оправиме.

Бившата на Безос до сега има спискано 19,2 милијарди на донации

Откако се разведе со Џеф Безос во 2019 и му зема половина од милијардите што ги поседуваше, Мекензи Скот до сега има донирано 19,2 милијарди долари, од кои 2 милијарди долари се само во 2024 година.

Данска воведува данок на кравји прдеж

Данска ќе биде првата држава во светот која ќе воведе „данок на прдеж“, објави Њујорк Тајмс. Локалната власт ќе им наплаќа на земјоделците околу 45 евра по тон емисија на јаглерод диоксид (лесно се смета по бројот на грла), со намера до 2035 година таа сума да ја зголеми на 120 евра. Засега е нејасно дали во пресметката за данокот ќе влегува и ждригот. 

 

Рамноземјашите не можат глава да кренат

Едно од тврдењата во сржта на целото движење за рамна Земја е дека на Антарктикот нема денови во кои Сонцето 24 часа не заоѓа и дека тоа е измислица, бидејќи таквиот феномен на ниту еден начин не може да се смести во нивната приказната дека планетава е плоча а не топка.

Забранетиот документарец за Биби на пат за номинација за Оскар

„Документите за Биби“ кој објавува протечени снимки од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговото семејство како се испрашувани од израелската полиција како дел опширна полициска истрага влезе во последниот круг за номинација за Оскарите 2025.

Род Стјуарт си игра со вовчиња

Последната музичка вест е дека Род Стјуарт е спремен да плати 300.000 долари за да свири на следниот Гластонбери, веројатно како последен голем проштален концерт. Но, во неговиот живот музиката никогаш не била сè. Имаше место и за скапи жени, скапи фудбалски клубови и - вовчиња. Само што, и тоа кај него не е скромно. 

Фејсбук модератори ја тужат Мета заради трауми

ПТСС, или пост-трауматски стрес синдром (растројство, нарушување) обично се врзува со луѓе кои биле во војна и слични вооружени конфлики каде што виделе злосторства кои оставаат трауми со години откако ќе се вратат дома. Истиот синдром го имаат и оние од првите редови на социјалните медиуми, оние што мора да видат секакви гадости на кои луѓето се спремни.  

Од Нова година во Швајцарија нема носење бурка

На 1-ви јануари 2025 и официјално почнува да важи анти-бурка иницијативата која швајцарските гласачи ја одобрија уште во 2021 со 51,2% од гласовите и со која се забранува секакво покривање на лицето во јавност.

Бајден им даде уште 5 години амнестија на Фајзер и Модерна

Во последните денови од своето владеење администрацијата на Бајден одлучи во траење на цел мандат на Трамп да ја продолжи заштитата од тужби за повреда или смрт за производителите на вакцини.

За Газпром има уште подолу од тоа што беше

Вредноста на акциите на рускиот енергетски гигант го достигна најниското ниво во последните 15 години, откако Украина пркосно одлучи дека нема веќе да соработува со нив.

Народ тргнал да купува нуклеарни бункери

Како што светот опасно се приближува кон нуклеарна распаљотка од сите страни, така како никогаш до сега, глобално, расте и продажбата на нуклеарни бункери за цивили, без разлика што експертите тврдат дека истите нема да завршат нешто многу работа во случај на нуклеарен армагедон.

Хонда и Нисан стануваат едно?

Двата јапонски производители одржале „прелиминарни“ разговори околу „потенцијално“ спојување во една компанија кое би им помогнало да се спротивстават на наездата од кинески електрични возила.

Како Кина ја закопа германската индустрија

Надобудните апостоли на таканаречената „енергетска револуција“ во Германија, успеаја да ја убедат земјата дека може брзо да ги напушти и фосилните горива и нуклеарната енергија, без да ја изгуби својата индустриска предност. Тоа беше класично коцкање. Или, уште посоодветен термин во случајов - тоа беше руски рулет. А куршумот е кинески.