Рамноземјашите не можат глава да кренат

Едно од тврдењата во сржта на целото движење за рамна Земја е дека на Антарктикот нема денови во кои Сонцето 24 часа не заоѓа и дека тоа е измислица, бидејќи таквиот феномен на ниту еден начин не може да се смести во нивната приказната дека планетава е плоча а не топка.

Бидејќи луѓето зад оваа завера навистина веруваат во тоа што го зборуваат, дел од најпопуларните рамноземјаши на Јутјуб се спакуваа и отидоа на Антартик. Освен што дремеа таму имаа и стриминг од бдеењето, кој покажа дека Сонцето на Антарктикот во овој дел од годината навистина грее по 24 часови.

По завршувањето на експериментот еден од рамноземјашите,  Јеран Кампанела, пред камера изјавува „стварно верував дека нема 24 часа сонце.“ Сепак патувањето и искуството што го има таму не го пишмани целосно Кампанела кој изјавува „нема да кажам дека Земјата е совршена сфера.“

Експедицијата е дел од проектот „Финалниот експеримент“ организиран од пастор од Колорадо по име Вил Дафи, кој се надева дека со него ќе стави крај на дебата за формата на Земјата.

Освен Кампанела на Антартикот доаѓаат и уште тројца рамноземјаши и четворица „округлаши“, кои требаа да се уверат дали Сонцето стварно или не свети над Антарктикот цели 24 часа. До сега еден од аргументите на рамните беше дека Спогодбата за Антарктикот од 1959 забранува пристап за цивили до најјужниот континент на планетата. И тоа се покажа како неточно.

Иако потврдиле дека сепак грее, рамноземјашите не биле целосно разубедени, објаснувајќи дека тоа што го виделе е само еден податок.

Тркалезноста на планета е докажана пред повеќе од 2000 години од антички филозофи.

20 декември 2024 - 13:10