Се работи за мерка донесена во пикот на пандемијата чија намера, меѓу другото, беше да ги охрабри производителите на вакцини да го забрзаат истражувањето и развојот на вакцини против ковид, без да стравуваат од правни последици.
Истиот закон, ги заштитува и здравствените работници и болниците што ги даваат вакцините да не бидат тужени.
Изминативе години до американските власти имаат стигнато над 13.000 тврдења за проблеми предизвикани од вакцините против ковид или третманите за ковид. За луѓето со вакви проблеми е основан посебен фонд кој им компензира за штетата, меѓутоа оштетените за тоа не можат да го тужат производителот.
Се проценува дека вакцините против ковид спречиле 3,2 милиони смртни случаи и 18,5 милиони хоспитализирања во САД во 2022.
Според ЦДЦ, на секои 200.000 вакцинирани против ковид кај едно лице се појавува алергична реакција или срцеви проблеми, како миокардитис.