Се работи за експериментален процес кој го започна и треба дополнително да го разработи саудискиот стартап Литиум инфинити, во соработка Арамко. По успешните тестови сега се работи на изградба на инфраструктура на саудиските нафтени полиња за преземање на солената вода и нејзина преработка.
Литиумот моментално е еден од највредните метали на светските берзи заради неговата употреба во батерии за сè што е на полнење од рачен часовник до електричен автомобил. Литиумот е и директна закана за енергетската доминација на Саудиска Арабија како еден од најголемите производители на нафта на светот.
Од саудиската влада признаваат дека цената на вадење литиум од солена вода останува повисока од традиционалниот начин на вадење литиум од сол, меѓутоа се очекува таа да се намали со инвестирање во производството, а во исто време и да порасне продажна цена на литиумот.
И од Арамко, саудискиот производител на нафта, порачале дека се заинтересирани за процесот на вадење литиум од солената вода.