Милијардерот со страв од селска буна

Првиот човек на луксузниот бренд Картие, со лично богатство проценето на 7,5 милијарди долари, признава дека навечер не спие заради страв дека сиромашните ќе се кренат на бунт.

Зборувајќи на самитот на Фајненшл тајмс во Монако, Џонатан Руперт, признава дека стравот му е во два дела: прво, работниците да ги изгубат своите работни места заради роботи, а потоа сиромашните да се кренат на бунт против богатите.

Руперт на присутните им порачал да имаат на ум дека кога сиромашните ќе се кренат, средната класа од страв нема да сака да купува луксузни производи за да не си ги покажува парите.

„Како општеството ќе се справи со структурната невработеност и зависта, омразата и социјалната војна?

Ние во оваа фаза ја уништуваме средната класа и тоа ќе влијае на сите нас. Не е фер. И тоа навечер ме остава буден,“ порачува Руперт.

23 декември 2024 - 12:33