Разговорите се уште биле во рана фаза и нема гаранции дека нешто ќе биде договорено, а се инспирирани од идентичната паника што ги зафати сите светски производители на автомобили, откако кинеските електрични автомобили успеаа да го преплават пазарот со поевтини модели. Првото подавање рака на двата некогашни ривали, било во март годинава кога двете компании „разгледувале различни можности за идна соработка.“
Двете компании не ја коментираат веста, а Нисан одбил да ја потврди и информацијата дека кинескиот производител на Ајфон, Фокскон, понудил да го откупи управувачкиот пакет на јапонската компанија.
И покрај проблемите и предизвиците со кои што се соочуваат вториот и третиот по големина јапонски производители на автомобили, нивното спојување би можело да биде спорно во Јапонија бидејќи сигурно ќе предвидува отпуштање на работници.
Нисан периодов има сериозна криза и во своето партнерство со Рено, главно заради лоши финансиски резултати.
И Хонда и Нисан имаат се помал удел на пазарот во Кина, на кој во ноември годинава отпаднаа речиси 70% од глобалната продажба на електрични возила.