Постојат луѓе и политички опции за кои медиумите сакаат да пишуваат, но ретко ќе им дадат можност самите да ги објаснат сопствените политики и позиции.
Политичката партија АфД (Алтернатива за Германија) со години е претставувана од медиумите ширум светот како екстремна, крајно десничарска опција од која секој нормален човек треба да бега.
Во ретко медиумско изразување на добра волја, Блумберг ѝ даде 15-тина минути можност на лидерката на АфД, Алисе Вајдел, со свои зборови да им ги објасни на гледачите ставовите и политиките на нејзината партија.
Погрешно ја етикетирате нашата партија како десничарска. АфД е либертаријанско-конзервативна партија. Ние сме во средината и се обидуваме да презентираме разумни и сериозни политики бидејќи гледаме дека на оваа земја ѝ требаат вистински реформи. Да видиме денес се држи Германија, по 16 години Ангела Меркел и 3 години од „семафорската“ коалиција. Германија не е во добра форма. Имаме највисоки цени на енергијата во светот и среде мигрантска криза сме. Имаме милиони илегални имигранти, не знаеме ни колку, бидејќи Германија воопшто нема граници. Криминалот е во огромен пораст, а даноците се превисоки. Припадник на средната класа, кој заработува околу 50.000 евра годишно, плаќа повеќе од половина од таа сума на државата. Затоа мислам дека има многу простор за реални политики за намалување на даноците. Потребна ни е и сериозна енергетска политика. Германија е единствената земја која ги затвори своите нуклеарни централи. Оваа влада наметна одвратни политики кои направија индустриска земја како Германија да зависи од ветерот и сонцето. Тоа е несериозно“.
На новинарското прашање да наведе три приоритети што би ги направила доколку стане канцелар, Вајдел вели:
„Контрола на границите, даночни намалувања и повторно ставање во функција на нуклеарните централи“.
Зошто нејзината партија инсистира на излез на Германија од Европската унија?
„Не гледаме како Европската унија во нејзината сегашна форма би можела да биде функционална институција. Треба да имаме слободна трговија меѓу европските земји, но не ни треба толку многу бирократија. На пример, Европската комисија едноставно реши да се забрани дизелот и бензинот. Во суштина, ја уништија германската автомобилска индустрија. Од моја перспектива, тоа е нешто како социјалистичко креирање политики за да се уништи пазарниот механизам во Европа. Затоа рековме, не ни треба механизам кој го уништува темелот на нашиот континент. Она што ни треба е само слободна трговија меѓу земјите од Европа“.
На повеќекратно новинарско прашање за можно напуштање на ЕУ, Вајдел појасни дека е за „реформирање на европските договори, со цел секоја земја-членка да добие право на вето на одлуките на Европската комисија а доколку некоја земја сака да излезе од ЕУ, зошто да не може да остане дел од зоната за слободна трговија?“
„Силно препорачувам само слободна трговија бидејќи сите тие бирократи, илјадници од нив, само ја пореметуваат конкуренцијата меѓу европските земји. Не ни требаат сите оние бирократи кои немаат поим што прават и ја уништуваат нашата Европа. Видете само што ѝ направија на германската автомобилска индустрија “.
Зборуваше и за Трамп, Путин, Украина, а водечката германска партија ЦДУ, од доаѓањето на Меркел, ја смета за социјалистичка:
Инаку, Вајдел e доктор по економски науки, има работено за Голдман Сакс и за Банката на Кина, каде има живеено шест години. Има докторирано со поддршка од фондацијата Конрад Аденауер. Политички модел ѝ е Маргарет Тачер. Против истополови бракови е но се залага за сексуална слобода и цивилни партнерства во какво што е и самата, живеејќи со жена со потекло од Шри Ланка.