До средината на декември ЕУ има увезено рекордни 16,5 милиони тони руски течен гас. Минатата година увозот успеаа да го симнат на 15,18 милиони тони, што беше намалување во однос на 15,21 милиони тони во 2022.
Од ова се изненадени и самите европски аналитичари кои очекувале постепено намалување на увозот, а ни најмалку негов раст. Нивните очекувања се во склад и со официјалната агенда на ЕУ до 2027 целосно да се запре увозот на руски фосилни горива.
Рекордната количина руски гас пристигнува до ЕУ и покрај тоа што гасоводите работат со речиси минимален проток, а некои од најголемите капацитети воопшто и не работат.
На бродските испораки на руски ЛНГ отпаѓаат 20% од вкупниот бродски увоз на течен гас во ЕУ. Во 2023 ова било 15%. Речиси половина од целиот руски извоз пристигнал во францускиот терминал во Данкирк, а на второ место по увоз е Белгија и пристаништето во Зебруж.
Новиот ЕУ комесар за енергетика, Дан Јоргенсен, најави дека во текот на 2025 ќе објави план како Унијата до 2027 да го исполни таргетот за откачување од руски енергенси.