За Газпром има уште подолу од тоа што беше

Вредноста на акциите на рускиот енергетски гигант го достигна најниското ниво во последните 15 години, откако Украина пркосно одлучи дека нема веќе да соработува со нив.

Акција на Газпром чини 105,75 рубљи, што е најниската цена од 2009. За споредба, пред руската инвазија на Украина, акцијата вредеше околу 300 рубљи.

На последниот пад претходеше одлуката на Киев дека нема да го продолжи договорот со Русија за транзит на руски гас до Европа преку Украина, по завршувањето на истиот на 1 јануари 2025.

Неколку денови претходно и австриски ОМВ објави дека ја завршува соработката со Газпром. ОМВ беше еден од последните големи, долгорочни купувачи на руски гас. Соработката меѓу двете страни траеше 34 години.

Московската берза, каде на Газпром отпаѓаат 11% од сите акции, исто така е падната за 2%.

Газпром, некогаш најпрофитабилната руска компанија, во 2023 изгуби околу 7 милијарди долари откако Европа одлучи да скрати околу 90% од количината на руски гас што го купува.

19 декември 2024 - 10:36