Според Руте, критиката за Шолц што доаѓа од Зеленски „не е фер.“
„Често пати му имам кажано на Зеленски дека треба да престане да го критикува Олаф Шолц, бидејќи мислам дека не е фер,“ изјавил Руте за германската новинска агенција ДПА.
И покрај тоа што Германија е еден од најголемите сојузници на Украина и по финансиска и по воена помош, фрустрацијата на Киев и Зеленски е околу германското двоумење за испраќање на Таурус ракети со голем домет во Украина.
Руте објаснил дека за разлика од Шолц тој се залага за испраќање на Таурус во Украина, без никакви ограничувања за нивно користење.
Зеленски јавно го критикуваше Шолц и во ноември за телефонскиот разговор со Путин и дека тоа ги поткопало обидите за изолирање на Москва. Украинскиот претседател ги повтори критиките за Шолц и во говорот пред Европскиот парламент на 1.000-от ден од руската инвазија на Украина.