Романските избори добиваат бизарен пресврт

Приказната за поништениот прв круг од претседателски избори во Романија е многу полоша отколку што се мислеше. „Руската“ ТикТок кампања која беше цитирана во декласифицираните романски разузнавачки документи како доказ за странско мешање - и користена како основа за поништувањето - всушност ги платила владејачката Национал-либерална партија (ПНЛ), онаа партија која го поддржа откажувањето на изборите!

Фото: ЕПА

* Романците „погрешно“ гласале, ќе мора сè одново

Според сознанијата на истражувачкиот романски сајт Снуп, кампањата била организирана од маркетинг фирма наречена Кенсингтон комуникации, ангажирана од владејачката ПНЛ, која ѝ платила на Кенсингтон околу 210.000 долари.

Кенсингтон потоа користеле платформа наречена FameUp за да координираат 130 инфлуенсери со специфични скрипти и упатства за пораки.

„Ова ги става декласифицираните разузнавачки документи во сосема ново светло“, пишува Бертран Арно. „Она што тие го прикажаа како доказ за странско мешање е всушност кампања платена од владејачката партија. Истата партија која ги поддржа користењето на овие наводи за откажување на изборите што ги губат.

Уште побизарно, соочени со новинарите, Кенсингтон првично негирале дека го користеле контроверзниот хаштаг под кој се ширеле координираните пораки, но подоцна признале дека ја имале креирано кампањата за ПНЛ, но подоцна хаштагот бил сменет без нивно знаење.

Ова значи дека или романските разузнавачки служби не знаеле дека ова е кампања финансирана од ПНЛ кога ја користеле како доказ за откажување на изборите (што покренува огромни прашања за нивната компетентност), или знаеле ама не тоа го откриле (што отвора уште посериозни прашања за нивниот интегритет).

Во секој случај, се чини дека укажува дека нешто крајно злобно се случило во Романија: владејачката партија користела разузнавачки служби за да ги откаже изборите врз основа на докази за „странско мешање“ кои тие самите ги платиле, пишува Арно кој го пренесува и Јанис Варуфакис.

Види и:

Укинување на романската демократија

 

23 декември 2024 - 21:21