- Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори и целиот изборен процес ќе мора да биде повторен.
- Ваквата одлука се донесе откако романските безбедносни служби доставиле документација која сугерира дека во предизборната кампања биле вмешани Русите, во полза на победникот од првиот круг, про-рускиот десничар и тикток сензација, Калин Георгеску.
- Неговото водство ја шокираше западната јавност, особено поради неговиот НАТО скептицизам и најавата дека ако стане претседател, ќе је прекине помошта за Украина.
- Има да се гласа додека не се изгласа тој што треба.
- Протекување на повеќе од 15 милиони внатрешни документи на „Дојче банк“ откри дека банката системски ги прекршувала прописите и во повеќе наврати овозможувала трансакции за олигарси под санкции, авторитарни режими и Џефри Епстин.
- Во 2019 година, германската банка проследила сомнителни трансфери од 582 милиони долари поврзани со Епстин, кој истата година почина во затвор.
- Во март 2017 година по грешка испратила до свој клиент детали за даночната пријава на американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговиот прв мандат и на уште 1.585 други корисници на сметки. Клиентот ја пријавил грешката и го избришал документот Пропустот бил прикриен од Белата куќа.
- Досиејата исто така содржат детали за трансакции за кои има сомневања дека се перење пари за руски олигарси.
- Записите откриваат дека банката не пријавила предупредувачки знаци за перење пари во Кипар, Британија, Хонг Конг и Украина, која префрлила стотици милиони евра преку нејзините системи.
- Специјалниот суд во Хаг му изрече казна од уште 17 месеци затвор на Хашим Тачи поради попречување на службено лице, мешање во кривична постапка и непочитување на Судот за време на долгогодишниот судски процес што се водеше против него.
- Судот ги прифати наводите од Обвинителството, според кое судењето за воени злосторства се одвивало во атмосфера на постојано заплашување, поради што некои сведоци ги промениле своите искази.
- На лица што го посетувале во притвор во 2023 година Тачи им откривал идентитет на некои сведоци, доверливи информации за судењето и им давал упатства какви искази треба да даваат идни сведоци.
- За обвиненија за попречување на правдата, изречени им се казни од 12 месеци затвор на Башким Смакај и на Фадил Фазлиу.
- Хашим Тачи на 16 септември беше осуден на 25 години затвор поради воени злосторства на Косово во периодот од април 1998 до јуни 1999 година, кога беше командант на ОВК.