Вести

Како Трамп ги изневери Саудијците

Саудиска Арабија со години вложуваше стотици милијарди долари во воено партнерство со САД, верувајќи дека тоа ќе го одбрани Кралството од регионалните непријатели. Кога дојде критичниот момент, Вашингтон му сврте грб на својот партнер. Разочарувањето го води Ријад кон создавање  регионален воен сојуз и градење многу поблиски стратешки односи со Кина.

Филантропијата е заробена во идеологија

Филантропијата своевремено била обид на богатите Американци да се искупат пред јавноста. Карнеги давал пари за библиотеки, Рокфелер за истражувања, а Џ.П. Морган донирал слики на музеи. Денешните милијардери важат за „поскржави“. Еден од нив, кој се откажал од фондацијата на Бил Гејтс, објаснува зошто донирањето во добротворни цели всушност има негативни ефекти.

„Националната безбедност“ е омилениот чекан на Трамп

Што имаат заедничко забраната за пристап на новинари од Белата куќа, триумфалната капија во Вашингтон и Гренланд? Трамп вели дека сите се важни за националната безбедност на САД. Настојува да ги употреби овластувањата што му ги нуди широкото толкување на овој термин за да ги оправда своите потези како врховен командант, „главен архитект“ и „главен уредник“.

Речник

Лажно пријавуваат азиланти за татковци за да останат во Британија

Банди вршат притисок врз самохрани мајки со британско државјанство или им нудат пари за да пријават баратели на азил како татковци на нивните деца во матичната книга на родени. Татковство не им обезбедува на мигрантите право на престој во земјата, но ги зајакнува нивните барања. Службениците обично не ги проверуваат апликациите за да заштедат пари и време.

Јапонците престанаа да растат

Јапонија одамна губи население и забрзано старее. Нова причина за загриженост е податокот дека нацијата престанала да расте уште од крајот на минатиот век. Во исто време Кинезите и Корејците пораснале најмногу во светот. Како објаснување за разликата се посочува на исхраната со помалку калории, диетите на бремените жени и намалените часови на спиење.

Трамп има голем ќар од форсирањето на ВИ

Технолошката трка со Кина не е единствената причина поради која Трамп се спротивставува на повиците за забавување на развојот на вештачката интелигенција. Освен за доминацијата на САД, загрижен е и за неговата семејна бизнис империја, која сè повеќе е испреплетена со инвестицискиот бум во новата индустрија, покажува анализа на „Вашингтон пост“.

Амeрика сруши уште eден свој рекорд

Во 2024 година, во САД без дом биле 770.000 луѓе. Тоа е пораст од дури 18% од претходната годиина и рекорден број откако нивниот „СИЗ за становање“ почна да ги брои бездомнициите пред 18 години. Како што најави пред 10-тина години озлогласениот Светски економски форум: „Нема да мие ништо и ќе бидете среќни.“ Можеби Илон Маск може и тука да помогне?

Индијките поседуваат 11% од целото злато на светот

Иако нема ниту една култура имуна на злато, излезе дека индиската, и посебно Индијките, се исклучително навлечени на скапоцениот метал, во износ од 11% од вкупното злато што е ископано на планетава.

Вирусот кој наполни 35 години руши рекорди

Компјутерскиот вирус кој постои уште од осумдесетитте години на минатиот век е сè поомилен меѓу компјутерскиот олош, со добра причина: лани рекордно заработија од него. Се предвидува дека до 2031 година ќе прави штети во вредност од 265 милијарди долари годишно.

Турција и Германија се фатија за врат за донерот

Од сите битки што можеа да ги водат двете престолнини, Берлин и Анкара се фатија за врат околу статусот на донерот и кој ќе каже што е прав донер.

Бајден е пишман што се откажал од претседателската трка

Американскиот претседател верува дека ако останел во трката ќе можел да го победи Доналд Трамп и жали што ја напуштил кампањата по катастрофалната дебата што ја имаше против него во јуни годинава.

Гардијан, од поддршка за Сноуден до поддршка за цензура

Гардијан беше еден од неколкуте медиуми кои се одважија да се дознае што има Едвард Сноуден инсајдерски да каже за постоењето на огромен државен апарат впрегнат во мониторирање и контрола на граѓаните и јавноста. Не постои веќе тој Гардијан. Сегашниот Гардијан се залага за регулатива, ставајќи се меѓу оние кои мислат дека слободата на говорот може да биде многу опасна работа. 

Првиот човек на СЗО за малку избегна да биде затрупан во израелско бомбардирање

Тедрос Аданом Гебрејсус се наоѓал во чекална на меѓународниот аеродром во Санаа во Јемен во моментот кога Израел го бомбардирал аеродромот како дел од подготовките за војна на повеќе фронтови.

Белгија забранува еднократни вајпови

Од први јануари 2025 година во Белгија ќе биде забрането продавање електронски цигари за еднократна употреба. Први во ЕУ го прават тоа. За забраната наведуваат здравствени и еколошки причини. Фановите на забраните ова го сметаат за револуционерен чекор. Важи. А кокаинот сè поевтин и сè подостапен.

Американците се расфрлаат со парите што ги должат

Сенаторот Ренд Пол го објави својот традиционален годишен извештај за огромните пари од даночните обврзници кои властите ги трошат на бизарно непотребни работи, додека националниот долг им нема крај. Да не биде кажано само описно, да ви кажеме и бројки. Најновиот Фестивус извештај (популаризиран во серијата Сајнфилд) анализира како се потрошиле, читајте сами - 1.008.313.329.626.12 долари.  

Модерна стопираше тестирања на детски РСВ вакцини

Респираторниот РСВ вирус обично може да биде опасен за стари лица како и за младенчиња. Компанијата Модерна развивале вакцина за втората група но морале да ги прекинат клиничките тестирања откако неколкукратно повеќе компликации имале оние бебиња кои добиле вакцина отколку оние во контролната група. Не е првпат. Во 60-тите години уште полоши биле тестирањата.  

Украинските роботи ја извојуваа својата прва победа

Бригада на Украинската национална гарда извела успешна операција изведена целосно од роботи, без никакво учество на човечка сила. Биле користени копнени роботи и аеро дронови за напад на руските позиции во Харковската област. Бил тоа имресивен технолошки потфат но истовремено и загрижувачки знак на слабост на исцрпените украински војници.

Тешко дека Сирија може да биде обединета

Дури и кога се добронамерни, западните сили неретко слабо ги разбираат поинаквите култури и општествени системи. Примери за нивното неснаоѓање има безброј, од Авганистан до Босна. За Сирија, чиј деспотски режим на таткото и и синот Асад се сруши побрзо од сите очекувања, веќе навиваат за унитарна и обединета Сирија. Не е лошо да се потсетат на некои историски лекции. 

АДХД не треба да се третира како нарушување

„Дијагнози на хиперактивност и дефицит на концентрација (attention deficit hyperactivity disorder) денес има 30% повеќе отколку пред две децении. Се чини дека денес е доволно дете на 2-3 години да не може да седи мирно подолго време во градинка за да се дигне узбуна, да биде пратено на евалуација и да му се одреди повеќегодишна терапија“, пишавме пред некое време. Ја продолжуваме оваа тема.

Испраќањето војници во Украина било идеја на Северна Кореја

Севернокорејските војници кои се влезени на руската страна на војната, а дел од нив веќе се и убиени, биле испратени на барање на Пјонгјанг, тврдат американски разузнавачи.

Пропадна производителот на ѕвездите на Мерцедес, и тоа е лошо за сите

Компанијата Герхарди Кунстштофтехник основана во 1796 ја преживеа инвазијата на Наполеон, Големата депресија и двете светски војни, ама не и актуелната криза на Европа и посебно европската автомобилска индустрија.

Десет луѓе за една година се обогатиле преку 700 милијарди долари

2024 година беше одлична за милијардерите. Повеќе од половина од 2.800-те милијардери во светот го зголемиле своето богатство, некои за неколку милијарди, некои за десетици милијарди долари. Најобилно е кај првите десет кои својот џепарац оваа година го имаат зголемено за вкупно 730 милијарди. Орото го води Илон Маск, прв во историјата кој стана побогат од 400 милијарди долари.

Еден од овие двајца лаже дека не знаел што прави

Млад брачен пар што очајно се обидува да добие дете, по четири години упорно имање секс на доктор открива дека цело време тоа погрешно го правеле. Докторот исто така утврдува и дека сопругата уште е девица.

Не сме ние глупи, само процесорот ни е тапа

Истражувачи од еден калифорниски универзитет го утврдиле тактот на „процесорот“ во човечкиот мозок. Резили живи. Само десет бита во секунда и тоа додека сетилните системи на телото собираат и на мозокот му сервираат податоци тешки преку милијарда битови во секунда. Добро и волку што се разбираме и себе си и светот околу нас.

Опоидниот геноцид се решава во Ексел

Глобална консултантска фирма се согласи да плати огромна отштета за да не бидат предмет на кривична истрага за нејзината улога во продажбата на лек против болка кој прави зависност и неретко води кон смрт од предозирање. Но, тоа се само пари, а пари имаат. Ниеден директор или газда и овојпат нема да одговара - нема судења, нема затворски казни, иако на душа имаат илјадници животи. 

Опоидниот геноцид се решава во Ексел

Глобална консултантска фирма се согласи да плати огромна отштета за да не бидат предмет на кривична истрага за нејзината улога во продажбата на лек против болка кој прави зависност и неретко води кон смрт од предозирање. Но, тоа се само пари, а пари имаат. Ниеден директор или газда и овојпат нема да одговара - нема судења, нема затворски казни, иако на душа имаат илјадници животи. 

Моралниот банкрот на Запад

Професорот од Чикашкиот универзитет кој го напиша текстот „Зошто Запад не сакаше да го слушне ова?“ и предупреди дека ако Украина продолжи по паметот на Запад, земјата ќе биде здробена, на крајот на 2024 година се  осврнува на една друга актуелна тема за која морничаво се молчи: Палестинците, Појасот Газа и она што таму го прави Израел.

Лек за дијабетес можен лек за долгорочен ковид?

Уште за време на пандемијата, стана јасно дека кај значителен дел од луѓето кои ја надминале инфекцијата, некои симптоми на болеста сè уште опстојуваат. Овој феномен се нарекува долгорочен ковид и подразбира состојба во која симптомите траат три или повеќе месеци од почетокот на болеста.

И Катар ја нагази ЕУ

Ако ЕУ за момент помисли дека нашла нови партнери за снабдување со гас што нема да ја уценуваат, Катар е тука да ја отрезни од такви заблуди.

Кој има пак да има, и обично тоа е Саудиска Арабија

Саудијците кои со децении успешно вадат милиони тони нафта, сега идентично успешно извадија литиум од примероците на солена вода која им останува како нуспроизвод од вадењето нафта.