Туристичка понуда од минатото: Плажите на Марс

Сè уште нема докази дека постоел живот на Марс но, ако постоел, тоа бил убав живот: со океан, плажи, ветре и бранови кои тивко и мрзеливо се преклопуваат за Марсовецот да го фати дремка. Штета што ако некогаш и успееме да стигнеме  таму, ќе стигнеме со мало задоцнување од неколку милијарди години.  

Црвената планета имала услови за живот десетици милиони години.

Така велат податоците добиени од кинескиот Журонг ровер кој Кинезитe го испратија на Марс каде слета во 2021-ва  година и оттогаш праќа драгоцени сознанија за сегашната ситуација и геолошкото минатото на планетата.

Биле откриени седиментни структури кои наликуваат на овдешните плажи што сугерира дека ниските делови на северот на Марс некогаш биле огромен океан.

 

„Пронаоѓаме места на Марс што изгледаат како древни плажи и древни речни делти“, вели Бенџамин Карденас, доцент по геологија на Пен Стејт и коавтор на нова студија базирана на податоците од Журонг. „Најдовме докази за ветер, бранови, не недостасувало ни песок - пасент плажи за одмор“.

Студијата сугерира дека некогашните топли и влажни услови на Марс, долго време поддржувале развој на микробен живот.

Јбг, сево ова се случувало пред 3,5 до 4 милијарди години.

25 февруари 2025 - 09:30