Тектонски промени на стариот континент:

Мерц повика на европска независност од Америка

Идниот демохристијански канцелар Фридрих Мерц си постави приоритет - да ја развие Европа до степен да биде независна од САД. За да го спроведе тоа, ќе мора во владата да ги вклучи и социјалдемократите на досегашниот канцелар Шолц, кој благо речено не се докажа како реформатор. Алтернатива за Германија слави историски успех и спокојно ја следи игранката од страна.

Зајакнувањето на Европа до степен да биде независна од САД ќе биде апсолутен приоритет на идниот германски канцелар Фридрих Мерц.

Вообичаено за германската политика, составувањето влада, може да се развлече до Велигден, но брзината со која администрацијата на Доналд Трамп во Вашингтон го менува глобалното статус-кво не е во полза на идниот канцелар на Германија. 

„За мене апсолутен приоритет ќе биде зајакнување на Европа што е можно побрзо, за да може, чекор по чекор, реалнода постигнеме независност од САД за прашањата за одбрана“, изјави Мерц.

Конзервативниот демохристијански сојуз ЦДУ/ЦСУ освои 28,5% од гласовите на изборите во неделата, недоволно за да формира влада. Најверојатен коалициски партнер им се социјалдемократите на досегашниот канцелар Олаф Шолц, иако го имаа најлошиот резултат во историјатаод 16,4%.  Во комбинација овој пат не се либералната ФДП, која не го премина изборниот праг од 5%.

Поради непишаното правило на етаблираните партии да не соработуваат со екстремните десничарски партии, во владата нема да има место за Алтернатива за Германија, која се залага за порадикални промени.

Таа на изборите мина како второпласирана, со освоени 20,8% од гласовите, што ѝ е историски успех, спокојно од страна го следи развојот на настаните.

„Ја подаваме раката на соработка со ЦДУ. Инаку нема да бидат возможни промени во Германија“, изјави шефицата на АФД, Алис Вajдел.

 

24 февруари 2025 - 08:41