
Секој ден ќе пишуваме во поддршка и одбрана на два столба, личните слободи и слободниот пазар. Секако дека ќе покриваме разни теми, но на другите ќе им ги оставиме ставовите што се спротивни на нашите столбови, објави Безос на Икс.
Тој смета дека завршило времето кога весниците се обидувале на читателите да им ги понудат сите ставови. Денес таа задача ја покрива интернетот.
Безос е убеден дека темелните вредности на Америка, личните и пазарните слободи, не се доволно застапени на пазарот на идеи и мислења во медиумите.
Уредникот на секцијата за коментари и ставови Дејвид Шипли ја одбил понудата да остане на функцијата.
Му понудив на Дејвид Шипли, кому му се восхитувам, да го води новото поглавје. Дејвид реши да се тргне. Ова е значајно придвижување што бара стопроцентна посветеност. Ја почитувам неговата одлука. Ќе бараме нов уредник на секцијата, објасни Безос.
Откако Доналд Трамп се врати во Белата куќа, сè повеќе бизнисмени прават пресврт во политиката и ја насочуваат кон личните слободи и слободниот пазар. Марк Закерберг, на пример, од платформите на Мета ги исфрли фактчекерите и другите воук функции.