Атентаторот на Трамп не бил сам?

Поминаа девет месеци откако навидум кроткиот 20-годишен Томас Метју Крукс пукаше во Доналд Трамп на предизборен митинг. Атентаторот беше ликвидиран на место, но до денес нема одговор дали навистина дејствувал сам. Приватен детектив тврди дека Крукс имал соработници и дека тие сè уште се активни.

Искусниот детектив Даг Хагман, кој бил ангажиран веднаш по обидот за атентат во Батлер Фарм на 13 јули, тврди дека криминалната мрежа што оперирала со Томас Метју Крукс сè уште е активна и сè уште има намера да го убие претседателот Трамп. 

Екипата на Хагман сослушала повеќе од сто луѓе и направила темелни геолокациски анализи на контактите од смартфоните на Крукс. Сè уште е активен еден од уредите што на 13 јули биле во контакт со Крукс.

Тој не дејствувал сам. Потребна била голема координација. Според мене, Крукс бил насочуван од повеќе од едно лице и бил искористен за обидот за атентат. И не би ја отфрлил веројатноста дека на митингот имало луѓе што му помагале, изјавил Хагман за „Њујорк пост“.

Младиот атентатор поставил позиција на покрив 120 метри од говорницата и пукал неколку минути откако на неа се појавил Трамп. Крукс истрелал осум куршуми, од кои еден му го поткачил увото на претседателскиот кандидат. Убиен бил еден учесник на митингот, а уште двајца биле тешко ранети. Обезбедувањето реагирало и го ликвидирало атентаторот.

Приватниот детектив вели дека сите сослушувања, геолокациски и балистички анализи, го водат до една единствена теорија - дека Крукс веројатно „полудел под дејство на дрога“.

Аутопсијата потврдила дека Крукс загинал од прострелна рана во главата од снајперски истрел. На телото не било спроведено токсиколошко испитување, или резултатите не се забележани во аутопсијата. Телото им било предадено на родителите 8 дена по инцидентот и било кремирано.

Томас Крук бил брилијантен студент, на пат кон успехот. Нешто се случило за да полуди и мислам дека тоа биле лекови. Тој не бил непресметлив, но во исто време бил див лудак, заклучува детективот Хагман.

Тој се жали дека агентите од ФБИ што ги анализирале телефонот, компјутерите и заштитената комуникација на Крукс не даваат детали што откриле. На опструкции од федералната полиција се жали и конгресменот Клеј Хигинс, кој учествува во владината истрага.

Илон Маск му ја префрли топката на Кеш Пател, новиот директор на ФБИ.

Патем, зошто не знаеме ништо за типот во Батлер? Кеш ќе го истражи тоа до дното, порача Маск.

28 февруари 2025 - 09:00