
Новата директорка на американските разузнавачки служби Тулси Габард им се придружи на функционерите во Вашингтон што се противат на барањето од Илон Маск сите федерални службеници да дадат отчет за својата работа.
На „барикадите“ против Маск претходно застанаа и директорот на Федералната полиција, Каш Пател, секретарот за одбрана Пентагон, Пит Хегсет и шефицата за домашна безбедност Кристи Ноем, кои ги повикаа вработените во нивните одделенија да го игнорираат барањето да набројат пет работи што ги завршиле во текот на минатата недела.
Маск рече дека „домашната“ ја дава по сугестија од Доналд Трамп, кој му наредил да биде „уште поагресивен“.
На забелешката дека федералните службеници не се ни трудат да ги проверат своите електронски сандачиња, Маск им се закани со откази и зајадливо порача дека „едвај чека да види кој има пулс и два активни неврона“.
Директорката Габард возврати дека „поради суштински чувствителната и доверлива природа на работата“, вработените од разузнавачките агенции не треба да одговорат на имејлот.
Пател објави дека ФБИ ќе ги спроведува сопствените процедури на ревизија.
Кога ќе треба и ако треба дополнителни информации, ќе ги координираме одговорите. Засега ве молам престанете да одговарате, им порача Пател на вработените во ФБИ.