
Прво Трамп напиша дека ја цени работата на Маск во Одделот за владина ефикасност но смета дека би можел да биде и поагресивен.
Трамп оком, Маск скоком.
„Согласно инструкциите на претседателот Доналд Трамп, сите вработени во федералната влада наскоро ќе добијат меил во кој ќе се бара да објаснат што направиле минатата недела. Доколку не се одговори на пораката, ќе се смета за оставка“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс.“
Во приватни фирми, ова не е невообичаена пракса. Вработените „на државно“ добија таков меил и имаат 48 часа да одговорат. Во меилот не се спомнува отпуштањето за кое и онака е нејасно кој би му бил правниот основ.
Шефот на Американската федерација на владини службеници (AFGE) - која претставува повеќе од 800.000 државни службеници - рече дека ќе ги оспори сите незаконски отпуштања на федерални работници.
„Уште еднаш, Илон Маск и администрацијата на Трамп го покажаа својот целосен презир кон федералните вработени и критичните услуги што тие му ги обезбедуваат на американскиот народ“, рече Еверет Кели.
Околу 75.000 федерални вработени решија да заминат со отпремнина пред да се појават вестите за отпуштања, иако некои велат дека државата уште им нема исплатено. Иако нема официјална бројка за тоа колку работници се отпуштени, тоа би можело да надмине 100.000 работници, објави USA TODAY.
Патем, САД имаат 438 државни агенции. Самата држава е стара 248 години. Испаѓа дека СЕКОЈА година била формирани по две агенции.