Лондон ѝ ветува празни соништа на Украина

Британските власти, кои упорно ѝ ветуваат на Украина дека ќе ѝ го чуваат мирот, никако да се разбудат од паралелната реалност што самите си ја создадоа и од која им е тешко да се вратат во суровата реалност. Откако патронот и, го сврте грбот а јавноста ги мрази, европските чирлидерки на Украина одржуваат конференции на кои не може да решат ништо и наликуваат на Чаушеску  додека од балконот нервозно мафта пред толпата.

Фото: ЕПА

Бомбастично е ветувањето што лабуристичкиот премиер Кир Стармер им го дава на Украинците, дека британски трупи ќе им го чуваат мирот што ќе го склучат со Русите. Суровата реалност е дека Британија нема ни доволно војска ни оружје, како ни индустриски капацитет, па ни волја за толку сложена мисија.

Би биле потребни три до пет години за да се обучи и опреми британската војска барем да патролира на линијата на разграничување во источна Украина. Воениот ангажман на Европа, за кој говори Доналд Трамп, а Русија го отфрла, воопшто не би прилегал на класична мировна мисија - кога единици на доминантна воена сила се распоредуваат помеѓу послаби завојувани страни.

Вашингтон веќе цврсто порача дека европските земји самите, а не како дел од НАТО и без поддршка од САД, може да распоредат мировни трупи во Украина. Русија на почетокот на преговорите инсистира дека нема да прифати во Украина да стапнат чизми од која било членка на НАТО.

Против руската волја и без американска поддршка, премиерот Кит Стармер не може да го испорача „стогодишниот безбедносен пакт“ што му ветува на Киев. Кој може сега да каже дали Украина ќе постои по сто години? Дали Обединетото Кралство ќе постои? Без цврста моќ, Британија може да нуди само политики од соништата, апстрактни и неповрзани со реалноста.

На Островот останаа малкумина со трезвен и внимателен став за она што преостана од реалните воени опции. Либералдемократскиот пратеник и стратег Мајк Мартин ја оценува како „преуранета и стратегиски неписмена“ идејата за какво било брзо распоредување британски трупи во мировна мисија во Украина. Тој додава дека ангажирањето на целиот воен капацитет, без американска поддршка, во мировна мисија на далечниот и непријателски фронт во Украина, ќе ги остави Европската Унија и „она што останало од НАТО“ без капацитет да ги заштити сопствените граници.

Конзервативецот Ник Тимоти забележува дека вистинскиот одговор на кризата не е давање празни ветувања на Украина, туку итна индустријализација и вооружување за да може да се одбрани Британија во иднина. 

По раскинувањето на бракот со Европа, Американците веќе бараат поатрактивни партнери. За нив Русија е сериозна сила со која може да преговараат, ако не како рамноправна, барем со ниво на почит што Европа не го заслужува.

Слабостите на Европа, да не се заборави, во голем дел се последица на американската политика. По Студената војна, на Вашингтон му одговараше да ја задржи Европа како понизен партнер, како што и на Европа ѝ одговараше имагинарната визија на светскиот поредок. Класата европски „безбедократи“ беа поставени на своите позиции токму поради нивната сервилност.

Вашингтон сега грубо ги отфрли, како и нивните авганистански еквиваленти, но за разлика од Авганистан, тие остануваат во улогата на слуги без господар. Одржуваат конференции на кои не може да решат ништо, зашто сите одлуки што соодветствуваат на овој момент се надвор од нивниот домет. Признавањето на неуспехот би било забрзување на сопствениот крај. Затоа се повторуваат старите ритуали, истите мантри како да се избегне катастрофата. Патронот веќе им го сврте грбот, а јавноста ги мрази. Европските лидери се како Чаушеску  додека од балконот нервозно мафта пред толпата.

Откако нејзиниот американски патрон го изгуби интересот, Украина ја изгуби војната, претворајќи го бавниот колапс во ненадеен тежок мир. Коментарот од Вестминстер, суров со шок и неверување, е производ на политичката класа, која досега среќно уживаше во паралелна реалност што самата си ја изгради, во која решеноста на Западот беше цврста, а Русија секогаш беше неколку месеци пред пропаст.

Сите сугестии, дури и од највисоките американски генерали, да се преговара за мир додека Украина има некаква позиција на сила, беа жигосани како дефетизам или, уште полошо, како путинизам. Со замижување пред реалноста, максималистичките надворешни „чирлидери“ на Украина сега се соочени со тешките услови за примирје.

Има тука лекција, ако некој сака да ја научи. Ако ова придонесе Европа конечно да може да се одбрани себе си и интересите на своите луѓе, соочувајќи се со суровиот реален свет, тогаш сè ова може да испадне на добро. Лидерите може да прифатат дека исчезнал светот во кој живеат, брзо и неповратно како удобен сон, и контролирано да се вратат во новиот поредок. Или може да го продолжат дремењето и да ризикуваат ненадејна и целосна пропаст.

24 февруари 2025 - 09:35