Резултати од нова студија на истражувачи од Универзитетот Јејл, покажуваат дека мРНК вакцини против ковид-19 може да предизвикаат „поствакцинален синдром“, кој се манифестира со заматување на умот, вртоглавица, зуење во ушите, екстремен умор и биолошки промени во имунитетскиот систем.
Во периодот од декември 2022 до ноември 2023 година биле истражувани состојбите на лица што пријавиле хронични поствакцинални синдроми (ПВС) во споредба со вакцинирани лица без синдроми. Кај лицата со ПВС било утврдено дека имаат поголема циркулација на протеини со боцки и дека сè уште ги создаваат, иако во некои случаи поминале и 709 дена од вакцинирањето. Кај нив бил откриена и значително појака реакција на воспаленија и пониско ниво на антитела што спречуваат појава на боцки кај протеините.
Еден од авторите на истражувањето, доктор Акико Ивасаки, потпишана признава дека очекува резултатите да делуваат контроверзно во јавноста.
Луѓето со поствакцинален синдром се чувствуваа отфрлени и игнорирани бидејќи ПВС не е медицински признаена состојба. Убедена сум дека ригорозни научни истражувања ќе водат до подобри дијагнози, третман и превенција на синдромот. Истражувањата ќе придонесат и за поголема транспарентност и побезбедни вакцини, објасни за „Дејли мејл“ доктор Ивасаки, директорка на Центарот за инфекции и имунитет на Медицинскиот факултет на Јејл.
Истражувањето е во рамките на проектот LISTEN на Јејл, кој ги проучува случаите на поствакцинални повреди и долг ковид, мистериозна состојба од која сè уште страдаат околу 17 милиони Американци. Кај секој пациент синдромот се манифестира посебно, но главните симптоми се умор, губење здив и заматување на умот.
Некои велат дека последиците може да бидат многу, многу посериозни. Лица се вакцинираат, па се ревакцинират еднаш, два пати или пет пати, и месеци или години подоцна значителен дел од нив остануваат со сосема нова имунодефициенција.
Особено незгоден е протеинот gp-120 што го има боцката на ХИВ и му овозможува на вирусот да се поврза со рецептори CD4, да ги инфицира и да почне да се реплицира во клетките што даваат имунитет. CD4 се „полковниците“ на армијата на имуниот систем, тие испраќаат и примаат хемиски сигнали од инфицираните клетки, од надворешните инфекции и од други елементи на системот, а потоа активираат разни локализирани одговори. Еден од белезите на ХИВ е постојано опаѓање на бројот на CD4 и присуство на вирусот во клетките што треба да штитат од него.
Луѓе како Адам Гартнер веруваат дека истиот протеин gp-120 бил „монтиран“ на оригиналниот SARS-CoV-2.