А+ се првите годишни награди на Architizer онлајн базата за архитектура. Во изборот има 52 категории од Најдобар споменик до Најдобра бизнис повеќекатница.
Конгресната библиотека одбра нови 25 парчиња аудио кои ќе ги додаде во својот индекс за да ги сочува за вечност (или најдолго што може). Меѓу нив многу џез ама и Пинк Флојд и Рамонс и Сајмон и Гарфанкел.
Идејата одамна функционира во некои од светските култури и религии, меѓутоа главна пречка за нејзино воведување во остатокот од светот е што целата работа ја имаме решено далеку подобро.
Денешните книги содржат 14 проценти помалку емотивна содржина отколку оние што се пишувале на почетокот на минатиот век. Ама затоа се побогати со параноја.
Од однесувањето на новиот Папа воодушевени се верниците кои добија Понтиф што е непосреден и што сака да биде во нивна близна. На сосема другата страна се луѓето од неговото обезбедување кои треба насекаде да го бркаат човекот.
2012-та била мерак за он-лајн медиумите, кои имаат најголем раст на приходи од реклами во споредба со кој било друг медиум. За печатените медиуми и 2012-та била пекол.
Веста се однесува за оние што мислат дека можат да разликуваат арома, нијанси и ноти во виното. Оние што се задоволни со основната поделба на бело и црвено, можат да продолжат да уживаат.
За време на снимањето порно актерките минуваат низ физички напор и болка што не би го поднел ни играч од НФЛ, објаснува девојката која знае што зборува - Аурора Сноу.
Доаѓаш со хуманитарна помош во некое прегладнето африканско село и околу тебе се сјатуваат гладни деца. Како ја делиш помошта, на сите по малку, додека има? Грешка, вели науката која решила да се занима со вакво бизарно прашање.
На американски професор му се доделени 5 милиони долари да ја истражува бесмртноста. Никакви сеанси со покојници, никакво бркање духови – човекот е филозоф.
На светот има многу гладни луѓе. Во исто време на планетава на секој жив човек има по 40 тони инсекти. Еден нов документарец на БиБиСи мисли дека овие две работи треба да се поврзат.
Тојо Ито е Јапонецот кој по долги години правење на проѕирни и светли згради и куќи во Јапонија ја освои годинешната Прицкерова награда за архитектура (највисокото признание во архитектурата), за стадион во Тајван.
Речиси 70 студенти од Даблин се поделиле во групи и учествувале во трката кој до каде може да стигне за ден и пол, без пара во џеб. Чудо е до каде сè дофрлиле.
Властите во Саудиска Арабија започнаа со проширување на џамијата Масџид ал-Харам (главната џамија во Мека) со цел да го зголемат нејзиниот капацитет. Единствен проблем е што за проектот треба да демонтираат некои од најстарите делови на најважната џамија во Исламот.
Некако не ни прави мерак што овдешната верзија на името на новиот Папа е Фрањо. Фрањо бе! Па ние уште Туѓман го памтиме (како кога жена ти ќе предложи некое име за бебето а ти знаеш некој убер кретен од маало со исто име). Што фали на Френсис или Франциско? Додека не успееме да пробиеме една од нашиве варијанти, да видиме како сè наоколу го викаат новиот поглавар на римокатоличката црква.
Легендарниот автор на филмска музика Енио Мориконе се зарече дека никогаш повеќе нема да работи со Квентин Тарантино. Ја ставал музиката "без кохерентност".
Две недели по откритието дека едно бебе е излечено од ХИВ, стигаат извештаи за првите успешни третмани и кај возрасни. Клучно кај сите случаи е (лекот и) раното почнување на третманот.
По редослед milf, teen и college се најбараните порно теми во САД, за нас нема статистика, а остатокот од светот најчесто се интересира за локално порно.
Да не излезе дека мажите во празно вадат мубети дека сопругите ќе ги умрат, научниците направија истражување за тоа колку живеат мажите а колку жените во истополови бракови. Резултат: жените во истополов брак имаат поголема смртност од која било друга група жени; и се зголемува.