Човекот што (не сакајќи) го сочувал сендвичот, објаснува дека им го покажува хамбургерот на своите внуци како пример за тоа колку презервативи и хемикалии има во брзата храна.
За разлика од него, според МекДоналдс Канада има сосема поинакво објаснување за долговечноста. На прашање од еден корисник како тоа бургерите од компанијата не скапуваат, др. Кит Варниер од Универзитетот во Гвелф (Онатарио) во име на МекДоналдс го дава следното објаснување:
"Имаше многу он-лајн видеа и фотографии кои го покажуваа фактот дека кога подолго време ќе бидат оставени, хамбургерите на МекДоналдс не скапуваат и дека ова е заради тоа што тие се преполни со хемикалии. Реалноста е дека хамбургерите на МекДоналдс, помфритот и пилешкото се како и секоја храна, и тие скапуваат доколку ги чувате во одредени услови.
Во основа, микробите кои го предизвикуваат скапувањето многу се слични со нас, во смисла дека им е потребна вода, храна, топлина и време за да растат. Ако отстраниме еден од овие елементи, тогаш микробите не можат да развиваат или да ја расипат храната.
Во примерот со хамбургерот од МекДоналдс, плескавицата додека се подготвува ја губи водата во форма на пареа. Лепчето секако е направено од тесто, меѓутоа печењето ја намалува количината на влага. Ова значи дека по подготовката, хамбургерот е прилично сув. Кога ќе го оставите не спакуван во просторија, тој дополнително губи од влагата. Значи во недостаток на влага, хамбургерот едноставно се суши, наместо да скапува.
Со губењето на влагата го одземаме елементот кој им е потребен на микробите да растат и да предизвикаат скапување. Значи за да предизвикаме расипување на хамбургерот на МекДоналдс треба да го спречиме губењето на влагата. Ова може да го направиме така што ќе го завиткаме во пластична фолија, или ќе го ставиме во просторија со повисока влажност, како на пример бањата. Ако го пробате истиот експеримент со домашен бургер, со слично ниво на влажност и во слични услови, и вие веројатно ќе ги добиете истите резултати."