Опозиционо пореметување

После 13 години, американските психијатри издаваат нов "Прирачник за дијагностицирање и статистика на менталните пореметувања," во кој и непослушноста кон власта се смета за психички проблем.

 

Американската асоцијација на психијатри го најави петтото издание на прирачникот за дијагностицирање психички пореметувања кој од неговото појавување до денес има нараснато неколку пати.

Во првото издание од 1952 година има 104 психијатриски единици, во последното од 1994-та - 357 а трендот ќе продолжи и во најновото, складно со општиот тренд за медикализација. Таа значи дека и проблеми кои немаат медицинско потекло почнуваат да се дефинираат и лечат како да се медицински.

Суштината на ваквата дијагностичка инфлација и овде е - во парите. Благи или минливи проблеми (како што е потиштеност по семејни трагедии) или особини на личноста како штои е срамежливоста добиваат свои клинички имиња за да може - да се препишуваат медикаменти за лечење. 

Психијатријата и порано знаела да биде сојузник на тоталитарни општества во кои служела како алиби за опстранување на непожелните однесувања или личности.

Една од најконтроверзните дијагнози во новото издание е тн ODD ('Oppositional Defiant Disorder'), односно опозициско пркосно пореметување, опишано како "непослушност предизвикана од бес против авторитетите, доминантната парадигма или општествените норми".

Нов е и терминот 'Organized Stalking' врзан со "помислата дека владата или тајните служби ве следат со помош на технологија", што и тоа како е сосема можна опција, не баш далеку од паметот.

Во упатсвото свое место најдоа и Orthorexia Nervosa, односно преокупираност со здрава храна,  Hypersexual Disorder (хиперсексуално пореметување) и  Sluggish cognitive tempo - "болест" во која личноста е премногу опуштена во текот на секојдневните обврски.

23 април 2013 - 12:14