Таг: психијатрија

Приказната за тројцата кои биле убедени дека се Исуси

Во 1950-тите најпопуларни методи за „лечење“ на психијатриски заболувања биле фронталната лоботомија и електро-шоковите. Но еден американски психијатар промовирал психотерапевтски пристап дури и кај најтешките случаи на параноидна шизофренија. Станал најпознат по третманот на тројца пациенти од иста болница, сите со различна биографија, но идентично уверување - дека се Исус.

Баби место психијатри

Во Зимбабве се одвива необична програма за зачувување и подобрување на менталното здравје, која може да помогне во изнаоѓање алтернативни начини за заобиколување на стигмата од одење на класичен психолог или психијатар, и поттикнување емпатија кон оние на кои таа им е најпотребна.

Тажната, вистинска приказна за братучетките на кралицата Елизабета

Серијата The Crown, не е само парада на скапи тоалети и ентериери, туку е и прилично остра и информативна кога станува збор за историските детали. Помеѓу нив приказната за Нериса и Кетрин Боус-Лајон.

Што е тоа „допаминско постење“?

Има хроно-диета. Па диета на Обединети нации. Па автофагија, па кето, па секој ден варена зелка. Е оваа „диета“ е малку поинаква, и не се однесува само на храна.

Психијатарот кој 40 години го контролирал животот на свој пациент

Доктор Ајзак Херсшкопф го убедил бизнисменот Мартин Марковиц да се откаже од своето семејство и да му го препише големото богатство нему. Сето тоа во име на подобро психичко здравје.

Првите тушеви во историјата не биле за хигиена туку за лечење ментални болести

Во 19 век студените тушеви и целодневните лежења во када биле сметани за најдобар начин за лечење и контролирање на ментално болните.

„Луд по тоа да си нормален“ (Mad to be Normal, 2017)

„Р.Д. Лејнг бил откачен тип. Некои би рекле дури и - луд“. Вака го почнавме освртот кон книга на македонски автор која се занимаваше со ликот и делото на овој контроверзен шкотски психијатар. Сега за него има и биографски филм.

Дали тролањето е зависност?

Да речеме дека се вика Мики. Иако во секојдневниот живот Мики не е некој мрчатор, тој не може да одолее да не се расправа за сè и сешто онлајн, од велосипедски патеки до исламофобија. Почнува да сфаќа дека нешто не е ок кога десетина луѓе го блокираат, меѓу кои и такви кои го знаат од мал. Што е со ваквите „микиевци“?

Како да разберам човек?

Нова книга од македонски автор во питок формат се обидува да одговори на прашање кое во суштина гласи - како воопшто нешто да разберам?

Вистинската причина за самоубиството на Хемингвеј - девет потреси на мозокот

Досегашниот консензус помеѓу психијатрите беше дека Хемингвеј се самоубил како резултат на биполарно нарушување, или пак дека само премногу пиел. Нова книга тврди дека славниот автор страдал од хронична трауматска енцефалопатија.

Трамп има опасна ментална болест

35 угледни американски психијатри се собраа на конференција на универзитетот Јејл за да дигнат аларм дека менталното здравје на американскиот претседател може да биде опасно по земјата. Тие обично не даваат дијагнози пред лично да го проверат некого, ама викаат дека ова се гледа од авион.

Премиерот кој даде оставка поради несоница

Има повеќе причини зошто висок политичар би бил приморан да се откаже од привилегиите на својата функција, и тие најчесто имаат врска со пари или со секс скандали. Но има и ретки примери со кои не можеш а да не сочувствуваш, затоа што се за греота. Ова е еден од нив.

Не секој монструм е луд

Научна студија произведе нов термин кој објаснува како е можно луѓе да сторат ужасни злостори и масакри а притоа да не се ментално болни.

Кога културата ја стигматизира несреденоста

Ги знаете оние емисии во кои опсесивните „трупачи" на предмети ги лечат со тоа што ги тераат да исфрлаат предмети од дома? Додека притисокот да „средуваш", кој го врши културата, е можеби лек за вакви екстремни состојби, таа создава други, кои се подеднакво загрижувачки.

Прекрасните умови и нивните психички растројства

Оскаровецот „Прекрасен ум“ раскажуваше за jaзот помеѓу генијалноста на еден познат математичар и неговата психичка состојба. Ова како да е судбина на голем број уметници и научници во историјата - некои од нив биле пациенти во истата болница кадешто се лечел и Неш.

Опозиционо пореметување

После 13 години, американските психијатри издаваат нов "Прирачник за дијагностицирање и статистика на менталните пореметувања," во кој и непослушноста кон власта се смета за психички проблем.