Плејбој: Го глумиш Тирион Ланистер, еден од главните ликови во Игра на троновите, шоу кое цело време ги убива своите главни ликови. Дали си загрижен за својата работа?
Динклиџ: Мислам дека Тирион никаде не оди. Тој еднаш рече дека би сакал да умре "во сопствениот кревет, на 80 години, со стомак полн вино..." Сакам да мислам дека такво ќе ми биде заминувањето. Токму така ќе си замине. Тој знае да преживее. Меѓутоа во право сте, чудо е колку главни ликови ќе бидат убиени во оваа сезона. Луѓето кои ги прочитале сите книги од серијата на Џорџ Р.Р. Мартин, ми кажуваат дека Тирион се уште е жив. Ние сме на трета сезона, а има пет книги. Тирион се уште не е убиен, па се чувствувам прилично безбедно.
Дали се чувствуваш како заебан тип додека мавташ со мечот, или само е чудно?
Има сцена во шоуто кога на еден отпознати му ја сечам ногата. Господинот веројатно има околу 70 години. Го снимаа отпознати, па не можете да видите колку е стар. Тој имаше една нога, па значи во основа, само му ја удрив вештачката нога. Имав еден долг и тап меч и со него удрив дрвена нога на 70-годишен инвалид. Значи, одговорот на твоите прашање е - не се чувствувам заебан. Сцените со тепачката се голема лага. Цело време само гледаш да не те удрат со мечот во око и посакуваш да имаш шлем.
Кога освои Еми, најавувачот рече дека Игра на троновите е снимана на локација во Ужасно добра земја. Кажи ни малку повеќе за ова магично место наречено Ужасно добра земја.
Ова е во Северна Ирска. И Хрватска, Мароко и Исланд, меѓутоа најмногу во Северна Ирска. Снимавме во студио во Ирска каде што е правен Титаник. Не филмот, туку бродот што потона. Ова не може да биде добар предзнак, нели? Обожавав што сум таму. Ова беше како да ти плаќаат да бидеш турист. Не дека имавме избор. Не можеш вакви шоуа да снимаш во Њу Џерси.
За време на добивањето на Златниот глобус, ти го спомена Мартин Хендерсон, џуџето кое заврши делумно парализиран откако неговите напаѓачи го фрлија. Дали некогаш се слушна со него?
Не. И нема потреба да ме бара. Во ред е. Целата работа беше спонтана. Утрото пред наградите пиев кафе со сопругата и таа на интернет ја виде сторијата за него. Таа ми кажа за целата работа. Ми рече 'треба да кажеш нешто.' А јас и одговорив 'Не не, не сакам да бидам еден од оние актери што имаат политичка каузи.' Моите пријатели беа помалку загрижени за тоа што го кажав, отколку за тоа што наводно кога сум излегол по наградата сум ги игнорирал Бред Пит и Анџелина Џоли. Кога си во тој момент и одиш за да ти дадат наградата, ти не гледаш дека Бред и Анџелина сакаат да се поздрават со тебе. Се што јас видов беше море од луѓе и јас требаше да пројдам. Пријателите не се грижат за прашања како фрлање џуџиња. Ним само им е грижа дека "Друже, ги игнорираше Бранџелина."
Ти си од Њу Џерси. Дали твојата младост повеќе наликуваше на песна од Брус Спрингстин или на Џерси Шор?
Интересно што го спомена Спрингстин. Јас сум роден во Беј Хед и неговиот менаџер живееше одма до нас. Брус често доаѓаше кај него дома, се зезаа и свиреше гитара. И ова се случуваше кога имав 2 години и не се сеќавам на ништо од тоа. Мајка ми и татко ми беа на свадба, и Брус беше во свадбарскиот бенд. Тогаш имаше 17 години. Мајка ми мислеше дека не го бива. Ми рече дека бил премногу гласен.
Долги години одбиваше работа како актер, не сакаше да играш леперкон или џуџиња, ги одбиваше сите улоги кои ги мислеше дека омаловажуваат, дури и по цена да гладуваш и да не можеш да платиш кирија. Како можеш да кажеш не, кога сметката во банка ти вика да?
Никогаш не беше лесно да се каже не. Секогаш има последици. Јас мислам дека тогаш бев многу поарогантен. Имав јасна слика кој сакав да бидам. Не дозволував ништо да ми го скрши планот. Бев доста заштитнички настроен претежно заради мојата височина. Очекував во бизнисов само да ја гледаат мојата височина и ништо друго, па сакав да се преправам дека мојата големина не е она кој сум јас, и барав улоги кои немаа никаква врска со тоа. Меѓутоа тогаш комплетно се ограничував себе си и мојата кариера, заради тоа што сум. Гледај ја улогата на Тирион. Мојата големина очигледно е причината зошто ја добив улогата. Немаше да го глумам Тирион ако не беше мојот изглед.
Која е твојата тајна да бидеш сиромашен во Њујорк?
Не мислам дека имам тајна. Тогаш на времето беше евтино да се живее во Бруклин. Затоа отидовме таму, затоа што можевме да си го дозволиме. Нема ништо кул околу тоа. Не знам како луѓето се снаоѓаат деновиве, бидејќи Бруклин повеќе не е евтин. Во тоа време живеевме без греење, дури и без шпорет. Сега сум бебе. Сакам комфор. Меѓутоа на 20 години јас и пријателите до екстремност го издигнавме страдањето за нашата уметност.
Дали ти приоѓаат фанови на улица?
Да, ама не толку многу. Не знам дали можам да се справам со тоа. Еднаш бев на Комик-кон во Сан Диего и не можев ни од хотел да излезам. Фановите на Игра на Троновите се најфините луѓе на сите времиња, меѓутоа илјадни фини луѓе кои во исто време доаѓаат кон мене ми создаваат клаустрофобија. А не можам да носам очила, да ја спуштам капата и да исчезнам. Висок сум метар и четириесет, не е дека ќе се вклопам во околината.