Асистентот професор по новинарство на Универзитетот во Охајо, Карсон Вагнер, објаснува дека кога анти-нарко рекламите порачуваат "немојте да користите дрога," тие природно го наметнуваат прашањето "дали треба да користам дрога?"
"Кампањите можат да го привлечат вниманието на дупките во она што гледачот го знае за дрогата, и со тоа да го направи пољубопитен на темата. Тоа е исто како кога ќе имаш пропуштен повик од број што не го познаваш - веднаш си помислуваш 'кој би можел да е ова?'"
Една студија од 2008-ма покажа дека учесниците кои изгледале реклама против користењето дрога, биле позаинтересирани за користење дрога, отколку оние што никогаш не го гледале видеото.
Дополнителен проблем е што голем дел од кампањите против дрога се уште се базираат на тактика на плашење на луѓето, која обично завршува со неминовната "пропаст во пеколот."
Најпроблематично е да се направи успешна кампања против марихуаната или алкохолот, бидејќи децата не се уверени дека ризиците се веројатни. Додека кај потешките дроги како метамфетамин, последиците како уништени заби и изглед се веднаш видливи и тинејџерите се ужасуваат од нив, кога е во прашање марихуаната тие "ги препознаваат ризиците меѓутоа обично не се толку сигурни дека ќе се случат."