Глутенот е еден од новите и ептен модерни плашила во исхраната. 30 проценти од возрасните Американци имаат намера да го елиминираат, а потреба за тоа имаат само еден процент.
Со векови на Ватикан му беа доволни заклучените врати и дебелите ѕидови на Систинската капела за да ја зачува таинственоста во изборот на нов Папа, и тогаш се појави Твитер.
Антиоксидансите, тој Свет грал на 21 вековната манија за неограничено одложување на смртта, не само што не вршат работа туку знаат да бидат и штетни по здравјето. Изворот не се некои опскурни надрилекари туку стручниот магазин American Scientist.
Посебни патеки за велосипеди (ама само за нив, без мешање од пешадија) кои ќе ги поврзуваат двата краеви на Лондон, се дел од планот на градоначалникот Борис Џонсон за претворање на Лондон во најатрактивен град за велосипедисти.
Затоа што диетите, апчињата и програмите за вежбање не се ефективни за контролирање на дебелината, научниците се решија едноставно да почнат да им плаќаат пари на луѓето за да престанат да јадат. И без разлика како ви звучи, ова функционира.
Нема ништо спорно ако постои онлајн сервис "изгубено - најдено". Се додека градските власти не почнат да објавуваат и слики од мртовци кои немаат "сопственик".
Си немале Русите работа па копале кај Антарктикот. Заринкале 4 километри длабоку и нашле бактерија која досега не му е позната на човекот. Ја нема во ниедна база на податоци, а жива е. Ете ти беља.
Наместо од внатрешноста на Кина да одат во Пекинг или во некој друг индустриски центар во земјата, сиромашните Кинези се повеќе се решаваат да одат на печалба во Африка.
Продолжувајќи со праксата на корисни потрошувачки информации за нашите читатели, објавуваме дека во Бруклин се продава апартман од 18 милиони долари. Корисната информација е дека сега е на попуст од оригиналните 25 милиони долари.
Откако Кинезите ги направија градовите во кои не стапна жива душа (а требаше милиони да ги има) сега дебатата е дали "ја утнавме работата" или "само време треба." Во меѓувреме целиот проблем стана трилема откако во равенката влезе и можноста за крах на пазарот на недвижности.
На човекот кој го обликуваше текот на историјата во 20-от век, денес денот му зависи од жената. Човекот кој водејќи ја Германија кон обединување стана татко на нацијата, денес не може да биде татко на своите деца.
Откако во изминатите 15 месеци потроши 344 милиони долари за да стане сопственик на 28 локални весници од САД, Ворен Бафет реши да ја објасни својата одлука. На кратко - има пари во тоа.
Кардиналите кои треба да го бираат следниот Папа ги искажаа критериумите кои треба да ги исполни совршениот кандидат. Во основа, да не биде ништо како Бенедикт 16.
Метеорот кој удри во Урал постави рекорд за најголем метеор што удрил на Земјата во изминатите 105 години, меѓутоа во космички рамки тој е еден од милиони слични метеори кои вртат во астероиден појас што се наоѓа во нашата галаксија.
Папата Бенедикт 16-ти деновиве најостро ги отфрлуваше теориите на заговор според кои тој се повлекува од позицијата заради геј скандал, и за да го докаже ова тој одлучи дека во пензионерската палата ќе живее заедно со - неговиот досегашен секретар во Ватикан.