Телевизијата ви штети на бракот

Очекувањата бракот да ви биде како бракот на ликовите што ги гледате во телевизиските серии, не само што нема да ви се остварат, туку е и многу веројатно да завршат со развод.

Луѓето кои веруваат дека она што го гледаат како пример за брак на телевизија е реално, во основа се помалку посветени на својот брак, и е поверојатно да извршат прељуба или да побараат развод.

Во истражувањето на Колеџот Албион, овие лица сметале дека нивната врска "има повисока цена" отколку оние што не верувале дека ТВ претставата за брак е реалистична. Трошоците на врската вклучувале губење на личното време и зголемена нагласеност на одбивните квалитети на партнерот.

Учесниците во студијата требало да ги кажат своите навики за гледање тв, колку веруваат во начинот на кој телевизиите ги претставуваат врските, нивните очекувања од врските и чувствата во однос на сопствениот брак.

"Најголем фактор кој придонесува за разводот е влегување во брак со нереалистични очекувања," објаснил авторот на студијата и асистент на Албион колеџот, Џереми Осборн.

Едно претходно истражување покажа дека кај студентите кои повеќе гледале романтични шоуа, имало поголема веројатност да веруваат дека нивните партнери треба да ги знаат и нивните најдлабоки чувства и дека денот на свадбата ќе им биде најсреќниот ден во животот.

5 април 2013 - 12:08