Мајка, по Макијавели

Макијавелизмот обично означува политичка доктрина која промовира бескрупулозно рационални методи во владеењето и не дозволува да биде ограничувана од морални начела. Инспирација од езуитската мудрост дека целта ги оправдува средствата добила и една Американка која решила макијавелистичките принцпипи да ги спроведе во своето семејство.

За Вол Стрит Журнал, вработената Сузан Еванс вели дека била на граница на нервен слом обидувајќи се да се справи со сопругот и четирите деца, сите помали од 8 години. Сè додека не наишла на Владетелот на Макијавели па решила да ги спроведе неговите принципи управувајќи со домашната банда.

Неколку нејзини искуства:

Раздели па владеј :Две од децата ги внела во не баш пријателски натпревар околу оценките. На ќерката и одело добро па била наградувана, синот бил послаб па добивал само потврди за губитничкиот статус. Но, на крaј на годината, и двајцата биле подобри од претходната година. "Со тоа што ги нас'скав еден против друг, го добив тоа што го барав а и тие профитираа".

Лажи ако треба: Добрите Владетели понекогаш треба да ги лажат поданиците за виша цел, порачуваше Макијавели. Еванс го послушала па знаела на децата да им каже дека викендот мора да оди на деловен пат иако тој и бил резервиран за уживање со сопругот надвор од дома. "Не се снебивајте да ги лажете децата ако тоа ви треба за да бидете среќни и опуштени... да се има среќна и опуштена мајка секогаш е добро за децата."

Целта ги оправдува средствата: Езуитската крилатица му се припишува на Макијавели иако тој на оваа тема само порачува дека луѓето и нивните акции ќе бидат судени по резултатите. Еванс ова го испробала на својот сопруг, кој една вечер ѝ се мушнал во кревет и ѝ доверил дека сака да прават уште едно дете. Бидејќи тој "резултат" таа не го сакала, му рекла дека следниот пат ќе може да ужива во топлината на нивниот кревет само откако ќе пружи докази дека бил на лекар и закажал операција за васектомија.

повеќе