Свинското месо наскоро ќе стигнува во американските продавници обележано по нова номенклатура, главно позајмена од светот на телешкото.
"Имињата имаат моќ да го трансформираат секојдневното во извонредно," се порачува на веб сајтот на американските свињогојци кои потсетуваат на паралелата со Ринго Стар, човек кој наспроти скудните тапанарски вештини е бренд во својот свет благодарејќи и на вешто избраното естрадно име (инаку се вика Ричард Старки).
Производителите на свинско месо се соочуваат со тешки години. Сушите ја зголемија цената на сточна храна, првенствено на пченката, но асоцијацијата вели дека подготвките за брендирање на свинското траат поодамна, откако во 2011-та се нарачало сериозно истражување кое имало освестувачки ефекти: луѓето всушност и не знаат кој дел и кое парче свинско го јадат.
"За нашите корисници, свинско си е свинско," забележале производителите па сега ќе се промовира нова официјална номенклатура, главно позајмена од телешкото мени.
"Сакаме да го образуваме пазарот и кога некој сака телешки rib-eye стек, да знае кој е свинскиот еквивалент и да си побара грбна кременадла," велат од индустријата која планира различните парчиња месо да ги поврзат и со различните методи кои се најдобри за нивна подготовка.
Пикот на оваа кампања се подготвува за летниот период кога е прајм тајм за американските скараџии.
Еве ја новата прасечка азбука: