Њу Јоркер, направи анализа на повеќе истражувања кои дојдоа до резултати дека "игрите за мозок" функционираат.
Резултатите се следни:
1. Истражувањето на една од најомилените програми за само-подобрување на луѓето од Силициумската долина, покажало дека играта ја подобрило способноста на луѓето да играат игри од овој жанр, меѓутоа немало никакво влијание на тестовите за флуидна и кристализирана интелигенција, вршење на повеќе работи во исто време и други капацитети.
2. Студијата која се обидела да ги повтори претходните истражувања кои покажале дека одредени ментални вежби ја подобрувале флуидната интелигенција, не успеала да ги репродуцира претходните резултати.
3. Т.нр. "мета-анализа" на 23 претходни студии на игри за подобрување на памтењето, ги проверувала студиите колку се ригорозни и колку учесници вклучувале. Како и другите скептични истражувања, мета-анализата открила дека луѓето само станале подобри во игрите што ги играле, но нивните вештини не се префрлиле на ниту едно друго поле, како вербални или невербални способности, внимание или аритметика.