- Израелската армија потврди дека е автентична фотографијата што се шири на социјалните мрежи, на која се гледа како израелски војник со токмак ја удира главата на Исус на статуа што паднала по израелски напад врз христијанското село Дебл во јужен Либан.
- Северната команда објави дека се спроведува истрага за инцидентот, дека „ќе бидат преземени соодветни мерки против одговорните за инцидентот во командниот синџир“ и дека „се соработува со локалната заедница за да се врати статуата на своето место“.
- Пред да постигне договор за прекин на огнот во Либан, Израел протера близу 1 милиони Либанци од територијата јужно од реката Литани, уништи многу села и сè уште ја окупира територијата.
- По интернет кружеше и снимка како израелските сили со булдожер уриваат статуа на Свети Ѓорѓи во христијанско либанско село.
- „Господе, прости им, зашто не знаат што прават“.
- Кога сме кај Нордистан, видов наслов – ќе се градат четири трговски центри низ државата.
- Светот упорно инсистира на војна, ама вистинска, со војски, фронтови и нуклеарна ерекција. Некои велат дека третата светска војна веќе почнала, сега засега на одредени точки на планетата, со тенденција да се прошири и да стане глобална заебанција. Британија им порача на своите граѓани да складираат храна, затоа што војната наближува. Естонија со својата моќна неколкуилјадна армија ѝ се закани на Русија дека ќе ја столчи за 48 часа.
- И Балканот се вооружува, патем токму сега некому му текна да крева меѓуетничка тензија, а секому му е јасно дека во такви случаи кај балканските народи многу брзо расте воената ерекција за сметка на брзиот пад на природната интелигенција.
- А Македонија – опкружена со аздисани соседи спремни веднаш да ни ја распарчат приказната, затоа што секогаш нè гледале како дел од својата територија? Јасно е дека ќе станеме дел од моќната нордистанско-естонска ударна бригада и сите херојски ќе загинеме пред да стигнеме на фронт, од настинки поради студот – мултивитамините сигурно ќе ни бидат со истечен рок – па ќе ги оставиме Естонците сами да ја прегазат Русија.
- Полска побара од Европската Унија да дозволи привремено суспендирање на барањата на азил во случаи на намерно предизвикан бран на масовна миграција, каков што неодамна претрпе Шпанија на својата територија Сеута.
- Варшава го наведува сопствениот пример. Лани во март престана да регистрира барања за азил од мигранти од Белорусија, оценувајќи дека властите во Минск и Москва намерно испратиле десетици илјади мигранти кон границата за да ја дестабилизираат Полска. Мерката имаше привремен карактер, но сè уште е на сила.
- „Кризата во Сеута, кога повеќе од 70.000 луѓе ненадејно преминаа од Мароко во шпанската енклава, ѝ стави до знаење на ЕУ дека и други земји можат да бидат погодени од слични гранични кризи како Полска“, изјави Мачеј Душчик, заменик-министер за внатрешни работи задолжен за миграции.
- Тој објасни дека суспензијата на правото на азил е целосно во согласност со меѓународното право. Лицата од најранливите категории – бремени жени, деца или оние што се соочуваат со прогон во Белорусија – сè уште можат да поднесат барање за азил. „Секој на границата има право да ја објасни својата ситуација“.
- Урсула фон дер Лајен најави дека Европската комисија наскоро ќе предложи нова „рамка за итен одговор“, која би овозможила флексибилност во примената на стандардните миграциски процедури во специфични околности и за ограничен временски период.