- Силициумската долина има неизмерлив долг кон владејачката класа која ги спаси криминалните банкари кои го уништија егзистенцијата на мнозинството Американци. Инженерската елита на Силициумската долина ќе ја брани таа владејачка класа до смрт (буквално!), во име на мнозинството Американци кон кои се однесува со презир - т.е. како добиток што ја изгубил својата пазарна вредност.
- Палантир ја намерачил продавницата на Apple и му течат лиги од можноста да создаде свој технофеудален имот. Време е да се замени ајфонот со друг уред што ќе го разводни она што останало од приватноста на луѓето.
- Палантир нема да даде ништо бесплатно. Се грижи единствено за сопствениот раст, преку сеење страв за да може да продаде лажно чувство на сигурност.
- Слава ѝ на бруталната сила! Етиката е за наивни. На Западот му треба повеќе од убиствениот софтвер на Палантир.
- Доаѓаат роботи убијци управувани од ВИ. Задачата е да се профитира величествено со тоа што прво ќе се градат роботи убијци, а дури потоа ќе се поставуваат прашања. За да може да го стори тоа, Палантир ќе направи сè што е потребно за да избегне по секоја цена какви било меѓународни договори што ги ограничуваат роботите убијци управувани од вештачка интелигенција.
- Секој сиромашен несреќник (кој не може да фати врски за да не биде фрлен во рововите со дронови убијци што го гаѓаат од небото) мора да биде регрутиран во војска. Заборавете на плати за војниците. Сите пари треба да бидат насочени кон Палантир, каде што нашите луѓе ќе бидат во „национална служба“ – оставајќи им го гинењето на оние што не се акционери.
- Палантир работи прекувремено за да ги опреми американските маринци со роботи убијци што ќе им ги одземат на американските маринци сите трошки од етичка проценка на бојното поле. Американското општество треба да биде целосно неспособно за каква било дебата што го ограничува капацитетот на Палантир да ја натера американската војска да ја елиминира секоја преостаната можност за отфрлање на изборот на цели на неговиот софтвер.
- Палантир го осудува фактот дека јавниот сектор сè уште не е целосно лишен од совест. Јавните службеници мора да бидат масовно отпуштени, освен неколкумина одобрени од Палантир кои ќе добиваат огромни плати, со пари од даночните обврзници.
- Палантир смета дека Доналд Трамп мора да биде прогласен за светец затоа што се посветил на јавната служба. Оние што не им проштеваат на луѓе како Трамп ја ризикуваат својата душа, а да не зборуваме за службениците кои се против злобниот проект на Палантир.
- Политиката треба да биде слична на ВИ, лишена од сè што може да се помеша со човечка емпатија. Оние кои гледаат кон политичката арена за да ја негуваат својата душа и чувството за себе мора веднаш да бидат испратени во гулаг!
- Има некои луѓе кои се премногу желни да го забрзаат пропаста на Палантир. Тие треба да размислат повторно, или во спротивно!

- Палантир не произведува нуклеарно оружје, но со задоволство развива друго оружје за масовно уништување. Со гордост објавуваме дека сега сме подготвени да ја додадеме на нуклеарниот Армагедон заканата за опстанокот на човештвото предизвикана од ВИ.
- Ниту една друга земја во историјата на светот не извршила толку многу воени злосторства во име на напредокот и слободата. САД нудат бесконечна слобода на луѓе како основачите на Палантир да профитираат толку богато нанесувајќи толку многу штета на човештвото.
- Американската моќ се гоштева предизвикувајќи една војна по друга, еден пуч по друг, една финансиска катастрофа по друга. Премногу луѓе заборавија или можеби ја земаа здраво за готово способноста на Америка засекогаш да води војни во име на мирот и демократијата.
- Германскиот и јапонскиот фашизам мора повторно да бидат големи. Денацификацијата на Германија беше прекумерна корекција за која Европа сега плаќа висока цена. Сличната и погрешна посветеност на Јапонија кон пацифизмот, исто така, мора веднаш да заврши!
- Треба да им аплаудираме на оние кои се обидуваат да монополизираат сè преку дарежливи владини договори. Милијардерите не смеат да бидат задоволни само со своите милијарди. За да станат уште понепристојно богати, потребни им се големи наративи што ќе им помогнат да ги убедат сиромашните да ја искористат својата слобода за да ги одржат милијардерите на власт. Патем, Палантир е вљубен во Илон, особено во неговиот голем наратив инспириран од апартхејдот.
- Силициумската долина мора да биде слободна да прави во американските градови она што го направи во Газа. Многумина политичари низ САД во суштина се откажаа кога стануваше збор на Палантир да му се даде право да ги уништи сите преостанати граѓански слободи и човекови права. Ова мора да заврши.
- Синдикатот на Епстин треба да се заборави за да не бидат спречени прекрасни луѓе како Трамп и Клинтонови да влезат во владата. Јавната арена мора да биде без контрола освен ако не влезат во неа субверзивци како Сандерс или Мамдани.
- Ги сакаме баналните јавни личности сè додека му ги даваат на Палантир сите сочни договори. Исто така, ги сакаме шарените јавни личности кои му ги даваат на Палантир сите сочни договори.
- Ни треба повеќе опиум за масите, бидејќи тие не се доволно опиени за да можеме да бидеме непречени во потрагата по нивно целосно потчинување. Оспорувањето на организираното суеверие е опасно и мора да престане.
- Време е да се врати Хитлеровата хиерархија на раси, со основачите на Палантир и Илон на нејзиниот ариевски врв. Идејата дека е погрешно да се суди некого според бојата на кожата, етничка припадност или религија мора да се отфрли.
- Црнците, муслиманите, повеќето Азијци и, секако, жените се инфериорни untermensch. Мажите во Америка, а и пошироко на Западот, во изминатиот половина век се спротивставуваа на ставањето на овие подлуѓе на нивното место во име на инклузивноста. Тоа беше грешка. На таквите подлуѓе никогаш не смее да им се дозволи да влезат, освен како слуги или даватели на сексуални услуги - барем додека не можеме да ги подобриме нашите роботи, во кој случај воопшто нема да ни требаат.
Оригиналната Технолошка Република на Палантир ја има тука.
