Џастин Тимберлејк и правилото "AC/DC"

Џастин Тимберлејк се врати на сцената со својот трет соло албум во последните 10 години и направи крш по топ листите. AC/DC би знаеле на што се должи ваквиот успех.

Музичката индустрија предвидуваше дека новиот албум на Тимберлејк, издаден по речиси 7 годишна пауза од претходниот, ќе успее да продаде половина милион копии. За само една недела, продаде милион. А потоа продолжи со истото темпо, станувајќи убедливо најпродаваниот албум на 2013-та година.

Дел на успехот може да и се препиша на паузата. Многумина биле љубопитни "до каде е" Тимберлејк. Уште поголем дел од новиот успех му се препишува на претходниот, FutureSex/LoveSounds албум кој навистина го освои светот.

Накратко, ако сакате да дознаете кој албум ќе биде најпродаван, следете ги фолоу-ап албумите на успешните албуми. Тие чепкаат доста од ѕвездената прашина на своите претходници. 

Тоа најдобро го знаат AC/DC на чија долготрајна кариера најдобро може да се следи оваа линија: квалитетен албум кој подоцна бива наследен од одлично продаван албум.

Разбирлива е таа психологија на конзументот кој си вика: "Минатиот пат го пропуштив, овојпат нема" поради која наследниците проаѓаат добро, не само заради својот квалитет.

На сличен начин можат да се толкуваат и "корекции" во другите шоу бизниси, како што е примерот со Расел Кроу кој доби Оскар за Гладијатор иако многу повеќе го заслужуваше за Инсајдер.

Уште неколку примери:

Cat Stevens, Catch Bull at Four (1972)
Peaked at No. 1
RIAA certification: Platinum
Previous album: Teaser and the Firecat (1971)
Peaked at No. 2, 3x platinum

Boston, Don't Look Back (1978)
Peaked at No. 1
RIAA certification: 7x platinum
Previous album: Boston (1976)
Peaked at No. 3, 17x platinum

Billy Joel, 52nd Street (1978)
Peaked at No. 1
RIAA certification: 7x platinum
Previous album: The Stranger (1977)
Peaked at No. 2, 10x platinum

Jackson Browne, Hold Out (1980)
Peaked at No. 1
RIAA certification: 2x platinum
Previous album: Running on Empty (1977)
Peaked at No. 3, 7x platinum

Pat Benatar, Precious Time (1981)
Peaked at No. 1
RIAA certification: 2x platinum
Previous album:Crimes of Passion (1980)
Peaked at No. 2, 4x platinum

Van Halen, 5150 (1986)
Peaked at No. 1
RIAA certification: 6x platinum
Previous album: 1984 (1984)
Peaked at No. 2, 10x platinum

 

9 април 2013 - 10:12