Сè беше подготвено ова да бидат триумфални недели за Џастин Тимберлејк. Му излезе петтиот албум, означен како негово враќање на корените од Тенеси а два дена подоцна настапи на најгледаното шоу во Америка - финалето на Суперболот. Медиумите го дочекаа на нож а мрежите го искасапија, по двете основи.