За албумот Man of the Woods:
- "We are now approaching the 12th year of the national delusion that Justin Timberlake remains an essential pop star." [New York Times]
- "A noncommittal shrug of an album." [Stereogum]
- "There's no refuge from the lyrics, which in many places engender the same mix of emotions you'd confront upon walking in on your parents having sex." [Pitchfork]
За настапот на Супербол:
- "Aesthetically and ethically, Timberlake's magic didn't take. It seemed like he'd cast the wrong spell, making himself invisible within swarms of dancers." [NPR]
- "He was a man in the weeds, scrambling through his archives to find any moment that might connect with an audience that, in substantial part, hasn't lived with his music." [Time Magazine]
- "The show is almost over. And then it is. And a feeling of togetherness washes over us, a feeling of certainty that we all just witnessed something unambiguously underwhelming." [Washington Post]
Џастин Тимберлејк мора да се прашува каде толку згреши, особено што и во медиумите а особено на социјалните мрежи, најновите критики кон него имаат јасно видлива нијанса на лична нетрпеливост, како кон некој кој уште не ги платил своите сметки од минатото.
Некои мислат дека тоа се влече уште од неговата врска со Бритни Спирс, кога Тимберлејк, не баш џентлменски, се фалеше дека тој ѝ ја одземал невиноста. Или пак од неговиот претпоследен настап на Суперболот со Џенет Џексон и фамозниот дел со разголувањето, за кое тој не знаеше што став да фати (овојпат реши да ја испее истата песна, ама ја прекина пред стихот на кој Џенет своевремено извади цицка, како да сака да го избрише сеќавањето на тој настан). Или пак што медиумите не беа задоволни колку тој правовремено и искрено изреагира на кампањата #ТimesUp. Или пак што учествуваше во последниот филм на Вуди Ален и не сакаше да навлегува во моралните дубиози околу прославениот режисер и писател.
„Денес станува невозможно да се дискутира поп културата а да се избегне произнесување околу доминантните прашања како што се расните, родовите или сексуалните теми. Луѓето очекуваат и од своите поп ѕвезди да им артикулираат мислење по тие теми“, вели Лора Снејпс, заменик музички уредник во Гардијан.
Интересна е паралелата на овој случај со оној на Кејти Пери. Таа беше дочекана на нож токму кога се обиде да проговори политички (со синглот Chained To The Rhythm) за потоа да си се врати на познат терен, со алузии на орален секс и слично (со Bon Appetit).
„Кејти Пери беше масакрирана што сака да се претстави како општествено будна, а Џастин Тимберлејк што не се обидува да се претстави на тој начин. Во обата случаи, во медиумите расте менталитет на глутница - штом осетат крв, почнува сезона на лов. Тоа е затоа што на секоја издржана статија, постојат 20 статии кои се напишани само заради кликови и во кои млади пишувачи настојуваат да се изборат за препознатливост на тој начин што ќе растураат ѕвезди од претходните генерации“, објаснува Питер Робинсон, уредник во Попџастис.
А Тимберлејк знае да извади добра ствар, особено кога соработува со прав лик, на пример кантри ѕверот Крис Стејплтон, син на рудар и човек кој, како наш Андруш, беше камионџија пред да го откријат во музиката. Пазете ова:
Патем, кој најдобро (кратко и јебитачно) на македонски ни го преведе тоа „I can't drink you away", добива од нас six-pack пиво по свој избор. За озбилно.