На почетокот на 2000-те Џастин Тимберлејк првпат настапи на најголемиот спортски настан во САД. Тогаш се случи и еден од најголемите скандали во историјата на американската телевизија и момент кога се роди фамозниот ЈуТјуб.
1. февруари 2004 година за време на настапот на Тимберлејк и Џенет Џексон (сестра на Мајкл) на полувремето од Суперболот, Џастин случајно со еден замав со раката ја разголи Џенет чија града во преносот во живо ја виделе 143,6 милиони гледачи. Тоа се случи за време на изведбата на хитот "Rock Your Body".
Видеото е достапно на Јутјуб, а кулминацијата е на 4:05:
Во Америка тогаш изби скандал и илјадници дискусии за тоа дека било неморално да се покажува такво нешто на телевизија. Каналот CBS кој го вршел преносот бил казнет 550.000 долари (иако од реклами заработиле многу повеќе), а името на Џенет Џексон тој ден станало најбарано во историјата на интернет пребарувачите.
Најинтересно е што благодарение на скандалот со градата на Џексон се појави и YouTube. Во крајна мера така вели еден од основачите на овој сервис, Џавед Карим.
Тој раскажал дека го пропуштил преносот на Суперболот во живо а кога сакал да види видео од инцидентот, ништо не нашол. Како резултат на тоа Карим (тогаш работел во PayPal) и неколку негови другари оформиле сајт на кој ќе може да се најдат секакви видеа. Сајтот го нарекле YouTube.
Justin Timberlake officially doing Super Bowl halftime. Dream setlist:
— Jason Lipshutz (@jasonlipshutz) October 23, 2017
- "Lovestoned"
- 9-minute Janet Jackson apology
- "Gone" (w/ *NSYNC)