Водечки доктори од естетска хирургија и нано технологија испратија апел до надлежните власти сериозно да ги сфатат загрижувачките резултати од последното истражување на вградените импланти во Британките кои покажуваат дека нивната обвивка не е безбедна и може да доведе до истекување на силиконот во организмот.
"Не знаеме кои жени се во опасност, тоа е како лотарија. Јас на сите би им рекол: Вадете ги!", вели поранешниот претседател на Асоцијацијата на пластични хирурзи.
Скандалот со ПИП имплантите од француско производство изби уште пред две години но британските здравствени авторитети цело време тврдеа дека не постојат доволно докази за нивната штетност, иако производителот веднаш понуди нивно бесплатно отстранување или замена.
Последното испитување на имплантите извадени во одреден период минатата година покажа дека нивната обвивка е далеку послаба од останатите брендови па затоа сега од властите се бара да спроведат масовно и целосно решавање на проблемот.
Францускиот производител на неквалитетните импланти одамна е затворен.